• Latest
Ослободи го умот, Свети Николе
фотографија: ЦИВИЛ

АКТИВИЗАМ: ЦИВИЛ во Тетово, Гостивар и Кичево

February 15, 2024

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

АКТИВИЗАМ: ЦИВИЛ во Тетово, Гостивар и Кичево

February 15, 2024 08:00
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ДИСКУРС, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Ослободи го умот, Свети Николе
фотографија: ЦИВИЛ

Ослободи го умот, Свети Николе фотографија: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter
  • БРИФИНГ ВО ГОСТИВАР: ЦИВИЛ ќе одржи брифинг на тема „Дезинформациите и странското малигно влијание: Предизвици и градење отпорно општество“ во Граѓански ресурсен центар во Гостивар, со почеток во 12 часот.
  • Претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање на локалните медиуми за изјави.
  • Тимовите на ЦИВИЛ денеска ќе бидат во Тетово, Гостивар и Кичево. Брошурата „Ослободи го умот“ ќе биде достапна на штандот на организацијата. 

ЦИВИЛ продолжува со активностите за граѓанска едукација за борба против дезинформациите. Тимовите на ЦИВИЛ денеска ќе се сретнат со граѓанките и граѓаните на Тетово, Гостивар и Кичево. По средбите  на повеќе локации низ главниот град, како и вчерашните во Свети Николе, Штип, Виница и Кочани,  тимовите на ЦИВИЛ со мошне позитивно искуство со граѓаните и претставниците од граѓанскиот сектор, продолжуваат низ другите општини во земјава.  Според извештаите , коментарите на дел од луѓето биле дека ова за нив е новост и освежување, бидејќи се чувствуваат задушено од огромниот број информации во медиумите за кои веќе не се сигурни дали се виситина или лага.

Претставниците на ЦИВИЛ во 12 часот напладне, ќе одржат брифинг на тема „Дезинформациите и странското малигно влијание: Предизвици и градење отпорно општество“, во Гостивар.

На брифингот, ЦИВИЛ ќе ги презентира активностите во оваа област и со присутните ќе размени информации, ставови и препораки за постојните состојби, како и за тоа што е потребно за да се надминат последиците предизвикани од дезинформациите и странското малигно влијание во нашето општество. Посебен акцент ќе биде ставен на конкретни предлози како да се изгради отпорно општество.

Претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање на локалните медиуми за изјави.

„Како и во другите клучни области, така и во борбата против дезинформациите и хибридните закани, ЦИВИЛ работи заедно со граѓанките и граѓаните на нашата земја. Не можете да очекувате ефикасност и успех, ако немате директна комуникација со луѓето. Во изминатите 25 години, ние токму тоа и го правиме – работиме заедно со граѓанките и граѓаните, бидејќи ние сме дел од нив“, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во пресрет на денешното патување низ источниот дел на земјата.

Тимовите на ЦИВИЛ дистрибуираат едукативна брошура со наслов „Ослободи го умот“ низ целата земја. Брошурите содржат основни информации за поимите поврзани со дезинформациите, пропагандата и хибридните закани. Таа може да послужи како одличен водич во препозанавањето и справувањето со дезинформациите и другите штетни влијанија од пропагандата и хибридните закани во јавната комуникација.

Брошурите се на македонски, албански и ромски и објавени се, освен во печатена, и во електронски формат во Дигиталната библиотека на ЦИВИЛ. Истовремено, во тек е и објавувањето на едукативни видео спотови на трите јазици на медиумската платформа на ЦИВИЛ, во рубриката ЕДУКАЦИЈА.

ЦИВИЛ Тим за комуникации


ЕДУКАЦИЈА

ОСЛОБОДИ ГО УМОТ


ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ