- БРИФИНГ ВО ГОСТИВАР: ЦИВИЛ ќе одржи брифинг на тема „Дезинформациите и странското малигно влијание: Предизвици и градење отпорно општество“ во Граѓански ресурсен центар во Гостивар, со почеток во 12 часот.
- Претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање на локалните медиуми за изјави.
- Тимовите на ЦИВИЛ денеска ќе бидат во Тетово, Гостивар и Кичево. Брошурата „Ослободи го умот“ ќе биде достапна на штандот на организацијата.
ЦИВИЛ продолжува со активностите за граѓанска едукација за борба против дезинформациите. Тимовите на ЦИВИЛ денеска ќе се сретнат со граѓанките и граѓаните на Тетово, Гостивар и Кичево. По средбите на повеќе локации низ главниот град, како и вчерашните во Свети Николе, Штип, Виница и Кочани, тимовите на ЦИВИЛ со мошне позитивно искуство со граѓаните и претставниците од граѓанскиот сектор, продолжуваат низ другите општини во земјава. Според извештаите , коментарите на дел од луѓето биле дека ова за нив е новост и освежување, бидејќи се чувствуваат задушено од огромниот број информации во медиумите за кои веќе не се сигурни дали се виситина или лага.
Претставниците на ЦИВИЛ во 12 часот напладне, ќе одржат брифинг на тема „Дезинформациите и странското малигно влијание: Предизвици и градење отпорно општество“, во Гостивар.
На брифингот, ЦИВИЛ ќе ги презентира активностите во оваа област и со присутните ќе размени информации, ставови и препораки за постојните состојби, како и за тоа што е потребно за да се надминат последиците предизвикани од дезинформациите и странското малигно влијание во нашето општество. Посебен акцент ќе биде ставен на конкретни предлози како да се изгради отпорно општество.
Претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање на локалните медиуми за изјави.
„Како и во другите клучни области, така и во борбата против дезинформациите и хибридните закани, ЦИВИЛ работи заедно со граѓанките и граѓаните на нашата земја. Не можете да очекувате ефикасност и успех, ако немате директна комуникација со луѓето. Во изминатите 25 години, ние токму тоа и го правиме – работиме заедно со граѓанките и граѓаните, бидејќи ние сме дел од нив“, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во пресрет на денешното патување низ источниот дел на земјата.
Тимовите на ЦИВИЛ дистрибуираат едукативна брошура со наслов „Ослободи го умот“ низ целата земја. Брошурите содржат основни информации за поимите поврзани со дезинформациите, пропагандата и хибридните закани. Таа може да послужи како одличен водич во препозанавањето и справувањето со дезинформациите и другите штетни влијанија од пропагандата и хибридните закани во јавната комуникација.
Брошурите се на македонски, албански и ромски и објавени се, освен во печатена, и во електронски формат во Дигиталната библиотека на ЦИВИЛ. Истовремено, во тек е и објавувањето на едукативни видео спотови на трите јазици на медиумската платформа на ЦИВИЛ, во рубриката ЕДУКАЦИЈА.
ЦИВИЛ Тим за комуникации