• Latest
Фото: Укринформ

Започнува ли Путин нова „специјална операција“ – одметнатиот регион во Молдавија бара „заштита“ од Русија

March 1, 2024
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
Фото: Амбасадорката на Умраина во Северна Маледонија Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев за 2 недели мир, радост за украинските деца погодени од руските нападите

August 3, 2025
Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

(ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

August 3, 2025
Фото: Здружението на палестинска црвена полумесечина сподели фотографии на кои се гледаат големи штети на неговото седиште.

Хуманитарна организација ја обвини израелска војска дека убила нејзин работник во напад врз седиштето во Газа

August 3, 2025
Украинските службеници за спроведување на законот приведоа осомничен за наводно вмешаност во шема за поткуп на високо ниво, откриена од антикорупциските агенции на 2 август 2025 година. Фото: Национално биро за борба против корупцијата / Телеграм

Украинските антикорупциски агенции открија шема за поткуп во набавката на дронови во која се вклучени пратеници

August 3, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Што беше тоа швенк?

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Републиканците го критикуваат Трамп за отпуштањето на шефицата на Бирото за статистика на трудот – не му се допаднале податоците за забавување на работните места

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас одбива да се разоружа додека не се воспостави палестинска држава со Ерусалим како главен град

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Denver7

Нов силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилски Острови на истокот на Русија

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Започнува ли Путин нова „специјална операција“ – одметнатиот регион во Молдавија бара „заштита“ од Русија

March 1, 2024 12:41
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Укринформ

Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Локалните пратеници на непризнаената самопрогласена Приднестровска молдавска република (регионот Транснистрија) во Молдавија апелираа до Советот на Руската Федерација и Државната Дума да се спроведат мерки за заштита на самопрогласената република поради, како што го нарекоа „зголемениот притисок од Молдавија“. Ваквата одлука, како што пренесува NewsMake,  била донесена на Конгресот одржан на 28 февруари.

Молдавија веќе подолго време е цел на хибридни напади од Москва и руските прокси сили кои делуваат против прозападната молдавска влада. Русија уште од почетокот на целосната воена агресија врз Украина, како следна цел ја посочува токму Молдавија, упатувајќи и отворени закани кон нејзината сувереност и независност.  И самиот шеф на руската дипломатија Сергеј Лавров, видно исфрустриран поради тоа што остана маргинализиран на Самитот на ОБСЕ во Скопје, не пропушти да упати закана дека Молдавија ќе биде следната жртва во хибридната војна на Западот против Русија.

Во анализата „ПРОПАГАНДНАТА ВОЈНА И ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Најскапата операција во историјата на руските специјални служби“ објавена на ЦИВИЛ Медиа, според сознанијата на Комитетот за разузнавање, веќе е започната специјалната операција „Мајдан-3“, во која рускиот агресор ќе вложи максимални напори да шири деструктивни наративи за глобалната безбедност и ќе се обиде да поттикне конфликти, како во Украина, така и во други делови на светот каде што има ефективна поддршка за Украина, вклучително и Молдавија, и се очекува својата кулминација да ја достигна во периодот од почетокот на март и се предвидува да трае до крајот на мај, 2024 година.

Стравувањеата дека доколку не се запре Путин во обидите успешно да ја спроведе неговата агресија врз Украина, само ќе ги зголеми апетитите на рускиот диктатор да тргне со агресија и врз други европски држави во неговото соседство, се чини дека веќе се остваруваат.

Високи европски политичари  и функционери, како началникот на Генералштабот на белгиската армија, Мишел Хофман, изразија загриженост по ова прашање и упатија предупредување дека по Украина, следните цели на Русија би можеле да бидат Молдавија и балтичките земји, а Европа мора да се подготви и да стави до знаење дека може да се брани. Хофман дополнително забележа дека Русија веќе покажала „дека има волја да го нападне својот сосед“.

Според анализата на Институтот за изучување на војната (ISW), тинк тенк организација со седиште во Вашингтон, Путин за време на неговото обраќање на 29 февруари не одговори на барањето на Конгресот на пратениците од прорускиот молдавски отцепен регион Транснистрија од 28 февруари, но овој недостаток на одговор сепак му овозможува на Кремљ неколку можни начини на дејствување (COA) подоцна. Транснистрискиот конгрес на пратениците усвои седум одлуки кои му даваат на Кремљ оправдување за голем број можни ескалаторни дејствија против Молдавија, кои Москва може да избере да ги спроведе на краток или на долг рок, и многу од овие можни COA не се исклучуваат меѓусебно. Недостатокот на одговор на Путин за време на неговото обраќање или е во согласност или не ги исклучува сите пет можни руски начини на дејствување кои ISW ги наведе во својата проценка од 28 февруари, вклучувајќи го и проценетиот најверојатен сет на можни начини на дејствување (MLCOA) за интензивирање на хибридни операции за дестабилизација на Молдавија и го оцени најопасниот COA (MDCOA) за формално анектирање на Транснистрија во иднина за да се оправда воената акција против Молдавија на долг рок.

Според пишувањето на Форин полиси, Путин досега не ја проголта мамката. Кашлајќи низ последните редови од својот говор, еден ден пред да се одржи погребот на дисидентот Алексеј Навални во Москва, Путин се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје доколку западните земји стават воени чизми на теренот во Украина, но тој не кажа ништо за анексија на Транснистрија – ниту воопшто ги спомна тамошните случувањата.

Но, дури и ако Путин не реагира на повикот за помош на Транснистрија, Кремљ сепак би можел да делува како „расипувач“ на претстојните избори во Молдавија, кои се очекува да се одржат наесен. Прозападната влада на Молдавија претходно предупреди за заговор за државен удар предводен од сега покојниот Евгениј Пригожин и неговата платеничка група Вагнер. кои ги користат парите што ги украдоа од молдавскиот народ и веројатно руските пари за да го поткопаат демократскиот процес во Молдавија.

 Целта за Русија е „идеална за нив, да ја сменат владата и да имаат руска и антиукраинска влада, антизападна влада“, изјави молдавскиот министер за надворешни работи и прв вицепремиер, Попсои.

Следот на настаните со отцепениот регион Транснистрија во Молдавија, има многу допирни точки со почетокот на руската агресија врз Украина пред 10 години, со анексијата на Крим и отцепувањето на  Донецк и Луханск, што кулминираше пред 2 години со целосна воена агресија врз Украина.

Во барањето заштита од Москва, пратениците од сепаратистичката Приднестровска република контролирана од Русија, обвинуваат дека Молдавија наводно започнала „економска војна“ против непризнатата Транснистрија, а исто така го обвинија Кишињев за наводно намерно блокирање на преговорите со Тираспол, и апелираа до Москва да помогне да се стави крај на „економската блокада“ од Молдавија, ја пренесува Кијив индипендент објавата на руската државна новинска агенција РИА Новости на 28 февруари.

Апелот до Русија од страна на претставниците на Транснистрија е уште една провокација на оние кои веќе станаа инструмент на геополитичките потези на Москва.

За потсетување, од почетокот на 2024 година Кишињев ги откажа царинските поволности за претприемачите од Транснистрија, што предизвика остра реакција од Тираспол. „Властите“ во отцепениот регион организираа протести во Тираспол против потегот на Кишињев.

Транснистрија граничи со украинската област Одеса и е меѓународно призната како дел од Молдавија. Руските трупи ја окупираа Транснистрија од раните 1990-ти кога Русија го нападна регионот под изговор дека ги штити етничките Руси.

Загриженоста околу Транснистрија се појави и претходно во февруари, откако излезе веста дека одметнатите власти планираат да одржат Конгрес на пратениците на 28 февруари. Конгрес на пратеници обично се свикува во Приднестровје кога се објавуваат важни одлуки.

Руската државна новинска агенција ТАСС тврди дека на Конгресот на претставниците, пратениците и официјалните претставници на Придњестровје( Транснистрија) усвоиле декларација со која се апелира до Русија да преземе „мерки за заштита на Транснистрија во услови на зголемен притисок од Молдавија“.

Конгрес на сепаратистичките претставници на Транснистрија. Фото: NewsMake

„Транснистрија упорно ќе се бори за својот идентитет, правата и интересите на народот на Транснистрија и нема да се откаже од нивна заштита, и покрај каква било уцена или надворешен притисок“, се вели во резолуцијата пренесена од рускиот државен медиум ТАСС.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „заштитата на интересите на жителите на Транснистрија, нашите сонародници, е еден од приоритетите“.

Молдавските власти го отфрлија конгресот како обид за поттикнување „хистерија“.

„Нема опасност од ескалација и дестабилизација на ситуацијата во овој регион од нашата земја“, напиша портпаролот Даниел Вода на Телеграм. „Она што се случува во Тираспол [главниот град на регионот] е пропаганден настан“.

Во изјава за Си-Ен-Ен, од молдавското биро за реинтеграција истакнаа дека „ги отфрлаат пропагандистичките декларации на Тираспол и потсетувата дека регионот на ПТранснистрија има корист од политиките на мир, безбедност и економска интеграција со ЕУ, кои се поволни за сите граѓани“.

Ова е седми ваков конгрес што се одржува во историјата на ентитетот. Претходниот беше одржан во 2006 година, кога локалните пратеници одлучија да се одржи референдум за пристапување кон Русија. Истата година се одржа ваквиот референдум, каде над 90% од учесниците гласаа за поддршка на потегот, но ниту меѓународната заедница ниту владата во Кишињев не ги признаа резултатите од референдумот.

Во меѓувреме, портпаролот на американскиот Стејт департмент Мет Милер во средата рече дека Соединетите Држави „многу внимателно ги следат акциите на Русија во Транснистрија и пошироката ситуација таму“.

Украинското Министерство за надворешни работи на 20 февруари соопшти дека Киjив „цврсто ќе одговори“ на сите обиди да се вклучи Транснистрија во руската војна и да се дестабилизира Молдавија.

Шефот на украинското воено разузнавање Кирило Буданов на 25 февруари им изјави на новинарите дека Транснистрија не планира да организира референдум за нејзино припојување кон Русија. „Никој нема да се приклучи на Руската Федерација на 28-ми“, рече Буданов.

Помеѓу Молдавија и Транснистрија има зголемени тензии од почетокот на руската целосна инвазија на Украина кога се стравуваше дека во Молдавија може да избие вооружен конфликт. Транснистрија, која незаконски се одвои од Молдавија како што се распадна Советскиот Сојуз, остана цврсто во орбитата на Кремљ додека Молдавија, која граничи со Украина, се кандидира за пристап во Европската унија. Властите во Молдавија сметаат дека военото присуство на Русија во Транснистрија е нелегитимно и бара повлекување на руските сили.

Вадим Красноселски, рускиот прокси лидер во Транснистрија, наведувајќи ја водата кон руската воденица, повика на зголемени воени вежби и зголемена подготвеност на 22 јануари, како што тој тврди дека е одговор на наводните провокации од Молдавија.

Официјални лица и гласноговорници на Кремљ продолжуваат да поставуваат информативни услови за користење на Транснистрија и проруската молдавска автономна област Гагаузија за да ја дестабилизираат Молдавија, но допрва треба да наведат како и до која конкретна цел тие имаат намера да ги искористат таквите услови за информирање. Овие апели од Транснистрија не ги повикуваат експлицитно руските сили да преземат конкретни активности, но веројатно се широко расположени да му дадат на Кремљ најширокиот сет на можни начини на дејствување за ескалации и интервенции насочени кон дестабилизација на Молдавија.

ЦивилМедиа уште на почетокот на јануари. 2023 година, во анализата „Status quo, позиционирање за преговори и проширување на конфликтот како можно сценарио за текот на војната во Украина во 2023 година“, пишуваше дека постојат индициите според кои Путин ќе се обиде конфликтот да го прошири на други територии во државите од опкружувањето, исто така поранешни советски републики, како Молдавија на пример, со што верува дека ќе изврши дополнителен притисок врз Украина и западните сојузници, и дополнително ќе ја зајакне својата преговарачка позиција. Ова особено стана индикативно откако Путин укина еден од неговите „мајски декрети“ од 2012 година, со кој делумно се потврдуваше суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на Транснистрија, сепаратистички регион што се граничи со Украина, каде што Русија има свои трупи, со што стана очигледно дека обрачот околу најмалата република произлезена од бившите советски републики, сè повеќе се стега.

 


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дестаболизацијаМолдавијаМосквасепаратистички регионТранснистрија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ