• Latest
Фото: Твитер

(ВИДЕО) Двајца руски менаџери на бар станаа првите лица обвинети во Русија според законот против ЛГБТК+

March 27, 2024

24 ЧАСА: Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари; Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, реагира Силјановска Давкова; Нетанјаху сака „целосно освојување“ на Газа

August 5, 2025

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

(ВИДЕО) Двајца руски менаџери на бар станаа првите лица обвинети во Русија според законот против ЛГБТК+

March 27, 2024 14:13
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Твитер

Фото: Твитер

Share on FacebookShare on Twitter

Бруталното кршење на човековите права во Русија се случува секојдневно, и речиси во сите сфери на руското општество. Неретко користејќи се со средновековни методи, властите во Кремљ се „пресметуваат“ со неистомислениците  и различните, мачат и стрелаат воени заробеници, вршат тортура врз осомничените, што е кривично дело и според меѓународното право, ги прогонуваат, малтретираат и дури присилно регрутираат работниците-мигранти,  осудуваат на долгогодуишни затворски казни припадниците на ЛГБТ заедницата, трујат и убиваат антивоени и активисти за човекови права, и се тоа снимено и дистрибуирано по социјалните мрежи, со цел да да го прикаже, пред Русите и пред светот, Владимир Путин, кој на нерегуларни избори по петти пат го доби претседателскиот мандат, како голем водач кој ќе ги одбрани рускиот народ и  традиционалните православни семејни вредности од налетот на омразениот Запад.

Така, минатата недела , руските власти уапсија вработени во геј клуб како дел од првото обвинение за кривично дело „екстремизам“ во земјата против членовите на ЛГБТК+ заедницата, според соопштението на судот во градот Оренбург.

Конзервативната активистка Екатерина Мизулина, поврзана со Кремљ, претходно минатата недела објави кривична пријава во врска со активностите на ЛГБТК+ клубот Посе. пренесува независниот руски медиум Moscow Times.

Националистичките, провоени активисти претходно во март рекоа дека им помогнале на агенциите за спроведување на законот да извршат рација во Поз поради сомневање за ширење „ЛГБТ пропаганда“.

Централниот окружен суд во Оренбург минатата средата одлучи да ги стави уметничкиот директор на клубот и менаџерот на барот во истражен затвор.

Двете лица се соочуваат со казна затвор до 10 години доколку бидат прогласени за виновни за „организирање екстремистички активности“.

Во соопштението на веб-страницата на судот се опишуваат и двајцата како „лица со нетрадиционални сексуални ориентации“ кои „ги поддржуваат ставовите и активностите на меѓународното јавно здружение ЛГБТ забрането во нашата земја“.

Уметничкиот директор беше обвинет дека избирал геј артисти за изведби, а менаџерот на барот за снимање на овие претстави.

Независната веб-страница за вести Медиазона ја идентификуваше менаџерката како Дијана Камилјанова, а уметничкиот директор како Александар Климов.

The first-ever criminal case against the “extremist LGBTQ+ community” has been opened in Russia. The administrator of the Pose queer club Diana Kamilyanova and its art director Alexander Klimov were arrested in Orenburg today

Photo: Ural56 pic.twitter.com/W8zHGMa49W

— Mediazona English (@mediazona_en) March 20, 2024

Неколку Руси се соочија со прекршочни обвиненија за „екстремизам“ во месеците откако рускиот Врховен суд го забрани „меѓународното ЛГБТ движење“ во ноември 2023 година.

Амнести интернешнал во вторникот ја критикуваше кривичната истрага против персоналот на Посе.

„Она што ЛГБТИ лицата и активистите за човекови права се плашеа од крајот на минатата година, конечно се оствари“, рече во изјавата директорката на Амнести интернешенел за Русија, Наталија Звијагина.

Звијагина рече дека е „особено за осуда што на членовите на руската националистичка група им било дозволено да и помагаат на полицијата во нивната рација на драг шоуто во клубот Поз“.

Спроведувањето на законот изврши рација во барот во март, а видео снимките од понижувачките притворања на некои од посетителите на локалот кружеа на интернет.

Русија јавно објави само нејасен опис на она што го нарекува „меѓународно ЛГБТ движење“, отворајќи го патот за гонење на секој што ги штити правата на ЛГБТК+ или едноставно се идентификува со заедницата.

Како што пренесува Гардијан, директорката на Лигата на безбеден интернет, Екатерина Мизулина, фигура на ултра-традиционалната фракција која се залага за репресивни закони, ја поздрави кривичната постапка.

„Ова е прв кривичен случај во Русија по одлуката на Врховниот суд да ја признае ЛГБТ како екстремистичко движење“, рече Мизулина.

Таа додаде дека „локалните активисти“ ѝ кажале на полицијата за клубот.

„Она што ЛГБТК лицата и активистите за човекови права се плашеа од крајот на минатата година конечно се оствари“, изјавија од Амнести интернешенел

Во 2013 година, руските пратеници им забранија на луѓето да промовираат „нетрадиционални“ односи со децата и оттогаш се зголеми притисокот врз либералните делови на општеството. Кремљ дополнително ја засили конзервативната реторика откако ја започна својата воена агресија врз Украина, опишувајќи го конфликтот како битка против западот и неговите либерални вредности.

Во декември 2022 година, Владимир Путин го прошири законот од 2013 година за да го криминализира секое позитивно јавно спомнување на ЛГБТК+ лица или врски.

Во јули минатата година пратениците тогаш забранија медицинска интервенција и административни процедури кои им дозволуваа на луѓето да го променат полот.

Во ноември, Врховниот суд ја донесе забраната за „ЛГБТ движење“, според која досега имаше неколку управни постапки кои резултираа со парични казни и кратки притвори.

„Меѓународната заедница мора да ги повика руските власти да ја преиспитаат хомофобичната пресуда на Врховниот суд и веднаш да го прекинат прогонот на ЛГБТИ лицата“, повика Амнести интернешенел.

Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: закон против меѓународно ЛГБТ движењеЛГБТИ праваРусија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ