• Latest
Александар Николоски, 2014 година (фото извор: јавен профил на Николоски на Фејсбук)

Секој ден, во секој поглед, сè повеќе напредува: Александар Николоски, еден од протагонистите на меѓународниот „кавијар“ скандал

March 27, 2024

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Секој ден, во секој поглед, сè повеќе напредува: Александар Николоски, еден од протагонистите на меѓународниот „кавијар“ скандал

March 27, 2024 10:11
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Александар Николоски, 2014 година (фото извор: јавен профил на Николоски на Фејсбук)

Александар Николоски, 2014 година (фото извор: јавен профил на Николоски на Фејсбук)

Share on FacebookShare on Twitter
  • Првиот на листата на црвено-црните за парламентарните избори во 4-тата изборна единица е далеку од дома.
  • Тој просто бега од своите земјаци бидејќи таму не е омилен и не може ним да им ги раскажува бајките за кои е извежбан. Пред сè, заради сликата која таму, крај Езерото, постои за него.

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Човекот кој ќе биде на првото место на изборната листа за „четворката“ од ВМРО-ДПМНЕ веројатно ја изговорил како млад човек оваа позната реченица од филмот „Се сеќаваш ли на Доли Бел“ од насловот. Тоа, ако никогаш дотогаш секако ја изрекол кога ја гледал огромната зграда, поставена на површина од 2.000 квадратни метри на веројатно најатрактивното место на охридското крајбрежје – Свети Стефан. Ем блиску до градот, некои 7 километри, ем на самите најпосетени плажи, ем сопствен паркинг (паркинзи), ем, веројатно, според мерилата на Груевски – „нешто џабалак“.

СКРОМНОСТ Објект на 2.000 квадратни метри, врв на детските мечти (фото извор: „Граѓански Збор“)

Јасно, ако интересентот за објектот има посебен третман! Имено, според актуелните цени овој простор да се купи како градежно земјиште би чинел милиони суми (во евра), а да не говориме за цената на изградбата, која би вредела екстремно многу пари.

Јавноста во Охрид, истиот објект видлив и од авион, го врзува за споменатиот сограѓанин Александар Николоски, кој по ова прашање едноставно молчи. Да, за селско дете (роден во Лескоец), тоа е секако врв на мечтите кои се јавувале во најмладиот период, оној кој ги изговара зборовите за напредокот (во оригиналот припаѓаат малиот Дино од филмот „Се сеќаваше ли …“), а кои така бргу се остварувале и доста пред неговите сегашни 40 години.

Македонските функционери се „голи и боси,“ да ги жали човек

Неговото молчење е индикативно, а секако фактот дека тој едноставно без зборови си стои зад пријавениот имотен лист во ДКСК кој е релативно скромен – двособен стан во Скопје, неколку автомобили и сметки со пари и сè тоа натоварено на име на миразот на сопругата со која е оженет од 2018 година, како еден од начините на кој македонските функционери прикажуваат дека самите се „голи и боси.“ Уште да им собираме прилози…

А што да каже по однос на врзувањата на тој езерски мега-објект со неговото име? Веќе пријавил некаква имотна состојба, а ако не е точна, тоа е веќе тежок правен фаул. Згора и го отвора прашањето од која плата во партијата или како пратеник тој можел да дојде до таков имот!

Згора на тоа, тврдат медиумите, тој имот е дивоградба, бидејќи ја нема во урбанистичките планови, па тоа е додатна бариера за било какво признавање – само отвора други кривично правни моменти. Еден куп.

Бегство од родниот крај

Оваа ситуација за Николоски е јасна и затоа тој повторно, како на парламентарните избори во летото 2020 година, бега во четвртата изборна единица.

Може ли тој едноставно да се појави пред граѓаните во некакви митинзи, каде што би добил рафал од прашалници за тоа како, на пример, ВМРО-ДПМНЕ би се борела со корупцијата, активност со која вмровците наутро си ги мијат забите наместо со паста за заби, ако тој самиот е егземплар на најголемата охридска тајна последните години!?

И дали и понатаму толку ќе го споменуваат зборот хациенда, омилен во вмровскиот речник кога тој така лесно би се залепил за споменатиот „невидлив“ објект во Свети Стефан. Значи, Босилово одново ќе го види Николоски на предизборен митинг.

Ова е значи второ искушение на Николоски како прв на листата во Четворката. Претходниот пат, ВМРО-ДПМНЕ во овој изборен регион со него на чело освои десет пратеници, исто колку и неговиот главен противник СДСМ. Реално, во сите изборни единици тогаш односот меѓу главните ривали беше изедначен, освен во скопски Центар и во Шестката каде што СДСМ доби јасни победи над главниот ривал.

Овој регион (Струмица-Неготино-Кавадарци-Прилеп) беше важен, бидејќи, од него потекнува и тогашниот премиер Заев, тоа требаше да биде победа на „туѓ терен“. А сега, прв на листата на социјалдемократите и коалицијата ќе биде д-р Филипче, исто така крупен залак за Николоски.

Кариера: Освен во партија, без трага во други сектори

Инаку, она „брзо напредувам“ за Николоски секако вреди, бидејќи овој дипломиран политиколог на УКИМ, на свои 24 години станал претседател на Унијата на млади сили на својата партија, кога, воедно станал и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а повторно е избран во 2017 година. Во повеќе наврати бил пратеник во македонското Собрание – има пратенички стаж од петнаесетина години.

Неговиот професионален ангажман е комплетно врзан за една партија и нема траги за него никаде на друго место. Освен еднаш, кога после изборите во 2016 година дојде до пресврт на политичката карта. И кога многу вмровци од врвот посакаа да си најдат прибежиште надвор од партискиот атар.

СПАС Пратеничката фотелја, антизападниот Николоски ја замени со – фотелја на Запад (фото извор: iPortal)

Според онаа позната поговорка на ДУИ – „секоја нога виси за себе“, од времето кога во Мала Речица ја прифатија коалицијата со Груевски во 2008 година и го напуштија сојузот со Шекеринска (тогаш лидер на СДСМ) и за тоа бара оправдување, многу функционери на црвено-црните го оставија Груевски сам да се бори со правдата која му се закануваше за бројни недела во кампусот на судските институции.

Замена на парламентарната со дипломатска функција: Антизападњак во бриселска фотелја

Дел од функционерите како Мијалков и Јанкуловска беа симнати од позициите после настаните во Диво Насеље (9-10 мај 2015 година) под притисок на западните сојузници. Министерот за администрација и информатичко општество, Иво Ивановски отиде во Бугарија да работи во телекомуникацискиот систем. Зоран Ставрески, кој беше кум на Груевски и негова десна рака, замина од зоната на видливост, а и сега е под радарот на љубопитноста.

Но, пратеникот Николоски, го замени Парламентот со амбасадорка позиција, која му изгледала покомотна – стана претставник на земјава во Мисијата на ЕУ во Брисел. Замислете си сега – еден класичен антизападњак си седна во фотелјата на оние кои треба да бидат градители на нашите идни приоритетни сојузи! Компликувано, нели? Иако неговата дипломатска иднина беше градена и низ функцијата претседател на делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Меѓународен скандал: Кавијар дипломатија

И од каков „квалитет“ е таквиот наш претставник во странство покажа т.н. кавијар афера која целосно го разобличи Николоски, инаку постојан потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Низа европски тинк-тенк организации, германски и домашни медиуми открија меѓународен скандал, поврзан и со Александар Николоски, пратеник и висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

КАВИЈАР ДИПЛОМАТИЈА Николоски своевремено во Европа го препознаваа како „лидер на измамничка набљудувачка мисија“ (фото: скриншот од текст во хрватското издание на „Слободна Европа“)

Имено, во тие извештаи се објавува сознание за огромен коруптивен скандал со дел од пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и нивното политичко делување во Азербејџан. Истите, оние кои биле набљудувачи на изборите во оваа земја, ги квалификувале изборите како фер и демократски, а за сето тоа Европејците добивале пари, накит, скапи теписи, ноќевања во луксузни хотели во Баку и Истанбул и што ли уште не. Ова особено важело за набљудувачите кои биле дел од мисиите на изборите во Азербејџан во 2013 и 2015 година, како и на референдумот од 2016 година. Дел од таа мисија, а во еден наврат и шеф на мисијата бил и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, како што објави Граѓански збор во 2021.

Дека ова не се само обични тврдења за наводна корупција, покажал и случајот со колегата на Николоски, италијанскиот пратеник Лука Волонте, кој во таа афера добил осуда од четири години затвор заради примање мито од Азербејџан. Одредени европски организации по тој повод Николоски го нарекоа „лидер на измамничка набљудувачка мисија.“ (Повеќе во хрватското издание на Слободна Европа и во соопштението на СДСМ.)

Медиумски молк

Како и секогаш, молкот на најголем дел од медиумите кај нас ги сокрива ваквите афери, кои во исто време предизвикаа сериозни европски политички земјотреси! Нема таква афера која може да го разбуди интересот на нашите „независни“ гласила, а која би ги натерала да се заинтересираат за улогата на вмровскиот врв, каде што Николоски е подолго време втор човек, како во времето на подоцнежниот груевизам, така и во времето на Мицковски, кој веројатно морал да прифати сè што ќе му биде наложено, за да биде избран за „греач на фотелјата“ во Палатата Татарчев.

Во тој  политички багаж спаѓа и Николоски од Лескоец. Она што засега го прави политички маратонец на позицијата во партијата е дека кај Груевски тој беше најприсниот и најдоверлив сопартиец (го нема многу во „бомбите“).

Беше, да се потсетиме, со Груевски во Виена за време на неговото алиби патување за време на обидот за државен удар во земјава на 27 април 2017 година. Тајните за таа операција ги поседуваше само шефот на партијата, додека другите не смееја да разговараат ни со своите најблиски во семејствата. На судењата потоа, за учесниците во тој настан, се покажа дека Николоски останал нем, додека еден од телохранителите, сепак, се јавил дома, на загриженото семејство, што потоа го одврза клопчето како доказ во судењето.

Вечниот втор човек

Николоски остана втор за време на владеењето на Мицковски со партијата, вклучувајќи ги и деновите на бегството на неговиот шеф во Будимпешта. Тој беше со новоназначениот претседател на партијата и кога синот на професорот од Машински заминуваше на гости кај побегуљата на брегот на синиот Дунав.

Тој останува стамено втор и потоа, кога се разидоа „деловните“ интереси на релација Палата Татарчев – будимпештански стан во егзил, особено по оние „фатени рачиња во медот“ есента 2022 година!

Таа кавга ја иницираше градоначалничката на Скопје, инаку поставена на таа позиција од страна на „нашиот“ будимпештанец. Е, од таков рингишпил, од тие ваму-таму ситуации за кусо време треба да се симнеш со тетеравење, ама тој остана, како што кажува неговиот поглед, еден вид на човек со суста на усните.

Таа негова постојаност во оваа партија, создадена кога тој можел да биде само во градинка, е обележје во третманот и на медиумите и на судиите. Да спомнеме и еден спор од охридскиот суд. Во него, братот на експремиерот Заев – Вице Заев беше во спор со Николоски за навреда изнесена во видео интервју со еден медиум, каде рекол дека тужителот добивал тендери од неговиот брат (односно од Владата).

СУДСКИ АПСУРДИ Виновен, ама „малку“

Охридскиот суд, како домицилен, тогаш (2019 година) очевидно не ни смеел да помисли да осуди вмровски званичник,, особено од својот крај, па направил необичен – благо речено – компромис. Николоски го изгубил спорот, бидејќи, не успеал да докаже дека тој има свои автентични докази за тоа што го тврди. Тој на судењето цитирал толку многу медиуми кои ја повторувале лагата за „кланот Заеви“ (Курир, Нетпрес, Денешен, Инфомакс и други) што на судијката сепак ѝ оставил впечаток и таа не одредила казна за Николоски! Во пресудата пишува дека тужениот не успеал да докаже дека се точни наводите, но дека тужбата е делумно оправдана. Што се вели, крив е – ама „малку“.

Образ: Кој тоа говори за корупција?

Оваа и некои слични афери секако не се пречка носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во 4-ката да говори за борба против корупцијата. Една од неговите карактеристики и основа на она „секој ден напредувам“ е фактот дека тој просто има израз на лицето што не оддава никакви емоции, па се разбира нема и манифестации на некакво срамење, што е во случајот, важна партиска препорака за нивен функционер. И онака има црвено лице, па не може ни да се зацрвени. Ете, на своето гостување во Гевгелија (негов изборен ареал) тој остана доследен на својата карма на недопирливост.

ДОСЛЕДНОСТ Кавијар дипломатот зборува за корупција!? (фото: Јавен профил на Николоски на Фејсбук)

Така, Александар Николоски на трибина во најјужниот наш град на тема „Борба против корупцијата и криминалот“ од акцијата „Ова е Македонија за сите,“ истакнал дека чистење на криминалот и корупцијата ќе биде приоритет број еден на новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што „сега со оваа власт на СДС и ДУИ, криминалот царува, а корупцијата цвета,“ што според него е причина број еден зошто Македонија назадува. Внимавајте на она што следи:

„Ако поразговарате со луѓето кои си одат од Македонија ќе забележите сериозна разлика од пред 10, 15, 20 или 30 години со тие кои тогаш си оделе од државата. Ако тогаш број еден причина биле економските услови, сега број еден причина е, како што вели народот, дека нема ред. Нема ред е кажано она што го зборуваме денес, дека криминалот царува, а корупцијата цвета“, рекол Николоски.

Обично, според тактиката на оваа партија тие изјави и предавања за етика се даваат во затворени простори, исполнети со партиски луѓе, кои ќе аплаудираат и нема да прашуваат. Особено во насока –дали Николоски воопшто може да биде борец против корупцијата? Новинарските извештаи ќе бидат исто така еднонасочни, безлични и без дилеми и тоа е огромната заштита од меморијата на нацијата за вмровските политичари. Никој не гледа што прават, туку го пренесуваат беспоговорно само она што овие го кажуваат.

Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.
Tags: дипломатијаизборикавијар
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ