• Latest

24 ЧАСА: Пожар ја пеплоса Универзална сала, тројца приведени; ЦИВИЛ со нова веб страница – ГЛАСАЈ; дезинформација е дека Османи криел документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите пасоши

April 9, 2024
Фото: Скриншот од видео на 
CNN-News18

Израел дозволи влез на помош во Газа по 11-неделната блокада, ОН го нарече тоа „капка во океанот“

May 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

По разговорот со Трамп, Путин сè уште одбива целосно примирје, повторно ги наведува руските „коренити причини“ за војната во Украина

May 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот, објави Трамп по двочасовниот разговор со Путин

May 19, 2025

24 ЧАСА: Уставен остана без судија; Љубчо Георгиевски за општеството на српска страна за геноцидот во Сребреница; Антимигрантска параноја; Романија избра проевропски претседател

May 19, 2025
Фото: ЦивилМедиа

Конференцијата „Сребреница – совеста на светот“, на 30 годишнината од геноцидот во Сребреница – демократски одговор на антицивилизациското негирање на геноцидот

May 19, 2025

Оливие Ведрин: Престанете да ѝ помагате на Украина да преживее, помогнете ѝ на Украина да победи

May 19, 2025
Фото: Фејсбук страна Meanwhile in Ukraine

Боно, Еџ и Шон Пен се појавија на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал со украински војници

May 19, 2025
Фото: Х на Володимир Зеленски

Зеленски му подари на папата Лав XIV икона насликана на фрагмент од сандак за муниција донесена од Изјум

May 19, 2025

Од локални решенија до регионално влијание: Недела на циркуларна економија 2025

May 19, 2025

Каде затајува системот: Кој ги штити девојчињата од сексуални предатори?

May 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Пожар ја пеплоса Универзална сала, тројца приведени; ЦИВИЛ со нова веб страница – ГЛАСАЈ; дезинформација е дека Османи криел документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите пасоши

April 9, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Пожар избувна претпладнево во Универзалната сала во Скопје. Пожарникарите успеале да го стават под контрола пожарот што избувна претпладнево во Универзалната сала во Скопје.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Министерот за надворешни работи и кандидат за претседател на државата на Европскиот фронт Бујар Османи денеска ги демантираше и ги оцени како лажни вести обвинувањата од опозицијата дека наводно скрил важен документ од ЕК потпишан од 25 нивни членки освен од Грција и Франција дека до септември ќе не пуштаат со старите документи.

– Не е  точно. Ова е дел од таа фабрика на лажни вести коишто ја открија во ВМРО-ДПМНЕ. Знаете дека создале фабрика за пропаганда и лажни вести и тоа е дел од таа фабрика, која што мислам дека наредните денови повеќе и повеќе ќе се разоткрие…, рече Османи.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МВР денеска соопшти дека се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот во Универзална сала во Скопје.

ИЗБОРНА ХРОНИКА: ОИК максимално да се посветат на изборите; да не се даваат пари од буџетот за анкети; Кабинет со жени; укинување на Охридскиот, Преспанскиот и Бугарскиот договор; џентлменски договор помеѓу ВЛЕН и ДУИ, еднакво општество за сите

ЖИВОТНА СРЕДИНА Вкупно 140 здравствени и еколошки експерти, меѓу кои лекари, научници и активисти за заштита на животната средина, упатија отворено писмо до властите во Брисел со кое бараат од нив „да заземат построг став во однос на загадувањето на воздухот во градот“.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Рускиот ракетен брод Серпухов, кој беше закотвен во ексклавата Калининград на Балтичкото Море, беше запален на 8 април, тврдат извори од военото разузнавање на Украина.

*

Најмалку 54 украински воени заробеници (ПОВ) се егзекутирани од руски војници, изјави на 9 април шефот на Одделот за воени злосторства при Генералното обвинителство на Украина, Јуриј Белоусов.

АЛ-ПРЕС

Во Косово веќе втор ден се спроведува попис на населението, а Српска Листа ги повика косовските Срби да не се попишуваат. Европската унија ги повика сите граѓани на Косово да учествуваат на пописот на населението што започна, додека за Србите во четирите северни општини побара тие да се појават и во гласањата повикани за разрешување на градоначалниците на општините, јавуваат медиумите во Косово.

Денеска е  одлучувачки ден за поранешниот премиер Сали Бериша, бидејќи Врховниот суд ќе ја разгледува неговата жалба преку која бара укинување на безбедносната мерка куќен притвор, каде што се наоѓа од 30 декември 2023 година, пренесоа албанските медиуми.

Ова се само дел од содржините од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Денеска ЦИВИЛ ја лансира веб страницата ГЛАСАЈ. На оваа веб страница се објавуваат релевантни вести и информации за изборите, линкови до официјални извори, како и текстови и видео содржини за граѓанска едукација за правото на глас и важноста на граѓанското учество во изборните процеси.

Интересна новина е алатката за планирање на гласањето. Таа има цел да им помогне на граѓанките и граѓаните да го планираат своето гласање.

„Ова е важно, бидејќи гласањето, сепак, е поважно од една шолја кафе во кафуле, а ќе ти одземе отприлика исто толку време“, вели Џабир Дерала, ЦИВИЛ, во видеото објавено на социјалните мрежи.

 

КОНТЕКСТ

Откако на социјалните мрежи се појавија новите снимки од апсењето на новинарот Фуркан Салиу, каде се гледа и слуша каде што тој вели: „Не можам да дишам“ (Nuk mund të marr frymë), додека припадник на специјалните полициски сили седи врз него, сама по себе се наметнува паралелата со апсењето на афро-американецот Ерик Гарнер, и неговите последни зборови „I can’t breathe“ (Не можам да дишам), додека полициски службеник од градот Њујорк го притиска со колено на вратот при апсењето, по што тој умре од гушење во 2014 година, од каде произлезе слоганот поврзан со движењето „Black life matter“ (Животите на црнците се важни) во САД.

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

За среќа, апсењето на Фуркан немаше трагичен крај, но додека не стане предоцна, потребно е итно да се преземат сите неопходни мерки за запирање на полициската бруталност и прекумерната (зло)употреба на сила, и секако, да се заштитат животите на новинарите.

Journalist life matter, too! И животите на новинарите се важни!

СЛОБОДНА ЗОНА

„Денот на Ромите, 8 Април, кандидатите за Претседател на државата, но и политичките партии кои ќе настапат на парламентарните избори го искористија за политичка кампања и самопромоција.

Денес сме 9 април, Ромите повторно се нарекуваат со погрдни зборови (циган, ѓуптин, ќумбе…), Ромите од денес повторно се најдискриминираните граѓани, чекаат и по цел саат на автобуските станици, сè уште се возат во стари и искршени автобуси, сè уште важи „правилото“ дека Ромите живеат таму кај што завршува асфалтираната улица, сè уште има деца кои, наместо да бидат во училишните клупи, просат низ улиците…

За еднаквост и рамноправност може да говориме кога Ромите ќе извршуваат или раководат значајни функции во државните институции, а тоа да не биде само советник во Влада за унапредување на правата на Ромите, или да е шеф на смена во Комунална хигиена… Ромите ќе бидат еднакви кога ќе им се дозволи да раководат со сектор кое ќе биде за општото добро на сите граѓани“, пишува Дехран Муратов во колумната „По 8 Април – доаѓа 9 aприл“.

Д. М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ