• Latest

24 ЧАСА: Усвоени измените на Директивата за единствена дозвола за работа и престој на странци во ЕУ; факти наспроти лаги во изборната кампања; граѓаните со најмала доверба во судството, а најголема во Армијата

April 12, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Усвоени измените на Директивата за единствена дозвола за работа и престој на странци во ЕУ; факти наспроти лаги во изборната кампања; граѓаните со најмала доверба во судството, а најголема во Армијата

April 12, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Усвоени измените на Директивата за единствена дозвола за работа и престој на странци во ЕУ

Европскиот совет денеска во крајна фаза ја одобри ревизијата на Директивата за единствена дозвола за работа и престој во ЕУ за државјаните на земји кои не се членки на Унијата, со која се утврдува административната процедура за добивање на документот и се одредени правата кои ги имаат работниците од трети држави.

Целта на измените е да се привлечат стручно оспособени и талентирани кадри кои и се потребни на ЕУ и воедно да се надминат некои од недостатоците во однос на легалната миграција во Унијата. Со нив се скратува процедурата за аплицирање за дозволата и се зајакнуваат правата на работниците од странство.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Загрозен ни е наталитетот, загрозено ни е опстојувањето тука овде. Јазик ако треба да се брани само дека е посебен јазик, тоа е смешно, тоа е како Бог да се правда затоа што е Бог. Да не зборувам за тој печат кој го имаат оставено Конески, Кепески, да не одиме наназад. Тоа е затворена приказна. Тоа е јас да земам да ти се правдам зошто се викаш Дениз или ти мене Дарко… тоа е моето мислење“ рече писателот Дарко Лешоски на каналот на Слободен печат во соработка со ЦИВИЛ Медиа и Трн.мк.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Барања за гаранции во Брисел, Преговарачката рамка не е Библија, Куран или Талмуд, Поништување на Преспански договор значи надвор од НАТО

ДЕЗИНФО Фактите на Пендаровски ги разобличуваат лагите на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ

ИСТРАЖУВАЊЕ Граѓаните најголема доверба од 44 отсто имаат во Армијата, потоа следат религиските институции со 35 отсто, полицијата со 28 отсто, па претседателот на државата со 24 отсто. Владата традиционално е на средина на рангирањето со доверба од 18 отсто, а најниска доверба имаат Собранието со 12 отсто и Обвинителството и судството со по 9 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето „Еврометар 2024“ што го спроведе Центарот за европски стратегии – Евротинк.

СВЕТ Алексеј Навални напишал мемоари пред својата смрт, ќе бидат објавени во октомври годинава

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија испраќа војници од воените единици на далечниот исток, вклучително и од нејзината Пацифичка флота и 11-та единица на Воено воздухопловство и Единиците за воздушна одбрана, за да ги надополни персоналните загуби во Украина, соопшти одбранбеното разузнавање на Украина, пренесува Укринформ.

*

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

АЛ-ПРЕС

Специјалниот суд во Албанија прогласи за виновни девет жени вратени од Сирија, обвинети за учество во терористичка организација и учество во борбени активности во странска земја, јавува Радио Слободна Европа на албански јазик.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Дерала: Демократскиот систем надминува, а не создава конфликти и се стреми кон еднаквост, стабилност и развој

 

Костовски: Иднината на државата зависи од секој поединец, гласај!

Иванов: Треба да излеземе и да гласаме, тоа е слобода, тоа е демократија, тоа е наш избор

 

СЛОБОДНА ЗОНА

На митингот во центарот на Москва пред само една година, познатиот руски актер и поранешен православен свештеник Иван Охлобистин беше меѓу првите што се осмели да ја нарече руската инвазија на Украина „Света војна“. Слично на мрморењето на еден лудак во тоа време, ова е сега официјалниот став на РПЦ, пишува Драган Мишев во анализата „Руската православна црква, продолжената рака на Путин – црв на раздорот во православниот свет“.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ