• Latest
Фото: ОЦ Медиа

Немири во Грузија: Опозициските пратеници исфрлени од Парламентот, стотици демонстранти собрани зад парламентот, полицијата претепа опозициски функционер, врвни грузиски спортисти со поддршка на протестите

April 17, 2024

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Немири во Грузија: Опозициските пратеници исфрлени од Парламентот, стотици демонстранти собрани зад парламентот, полицијата претепа опозициски функционер, врвни грузиски спортисти со поддршка на протестите

April 17, 2024 14:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: ОЦ Медиа

Фото: ОЦ Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат тензиите и судирите помеѓу демонстрантите и полицијата во главниот град на Грузија, Тбилиси, каде втор ден се одржуваат масовни протести против , таканаречениот „руски закон“, додека парламентот на земјата продолжи со расправата за контроверзниот нацрт-закон за „странски агенти“, критикуван од западните и домашните противници како авторитарен и инспириран од Русија.

Претседателот на парламентот Шалва Папуашвили исфрли голем број опозициски пратеници пред гласањето со кое беше завршено првото рочиште на законот за странски агенти. Меѓу исфрлените се лидерот на Обединетото национално движење (УНМ) Леван Хабеишвили, пратеничката на УНМ Тина Бокучава, лидерот на Стратегија Агмашенебели, Ѓорѓи Вашадзе и пратеничката на Лело, Ана Нацвлишвили.

Публика објави дека имало врева за време на пленарната седница, при што пратениците од опозицијата удирале по нивните бироа и извикувале: „не на рускиот закон“ и „предавник“.

За денеска се планирани два протести против нацрт-законот за странски агенти кои треба да се одржат во близина на зградата на парламентот во Тбилиси. Првата се очекува да започне околу пладне зад парламентот додека продолжува првата расправа за законот, а втората е планирана за 19:00 часот пред зградата, пренесува ОЦ Медиа.

Неколку стотици демонстранти во моментов се собрани зад парламентот, додека првото рочиште за законот за странски агенти продолжува. Има значително полициско присуство.

Шалва Папуашвили, претседател на парламентот на Грузија, ги обвини демонстрантите против нацрт-законот за странски агенти дека учествуваат во насилство, наведувајќи дека „насилството стана алатка за постигнување на нивната политичка цел“.

„Овие граѓански активисти, Срамот [Движењето], клубот Френклин, кои обучуваа различни млади луѓе со странско финансирање, се покажа дека тоа е нивната Европа – насилството како алатка за постигнување политичка цел. Ова е најнеевропскиот и најнегрузискиот начин“, рече тој.

Во меѓувреме, грузискиот јавен бранител Леван Јоселиани се сретна со неколку лица уапсени за време на вчерашниот протест. Тој изјави дека двајца приведени пријавиле повреди, од кои едниот имал очигледна повреда на лицето, додека другиот пријавил дека се здобиле со повреда, иако не се гледала.

Јоселијани им рече на новинарите дека подоцна денеска ќе ги посети другите приведени.

Организациите за права го повикуваат Министерството за внатрешни работи да „запре физичката одмазда“ против демонстрантите. Девет водечки граѓански организации го повикаа Министерството за внатрешни работи да „запре физичката одмазда против мирните демонстранти“ и навремено да им даде на адвокатите информации за тоа каде се приведените. Вчера, групите за човекови права забележаа дека нивните адвокати првично не биле во можност да пристапат до информации за локацијата и состојбата на приведените.

Организациите, исто така, ја повикаа Специјалната истражна служба на Грузија да ги истражи наводните злосторства извршени од полицајци.

Опозициската партија Лело соопшти дека генералниот секретар на нивната партија, Иракли Купрадзе, бил „жестоко претепан“ од полицијата откако бил приведен заедно со други демонстранти, јавува IPN.

„Според приведените, полицијата употребила непропорционална сила и жестоко ги малтретирала приведените. Повеќето од нив беа претепани, вклучително и Иракли Купраџе“, соопштија од Лело.

Неколку врвни, светски познати грузиски спортисти ги поддржаа граѓанските протести во Грузија против таканаречениот „руски закон“.
Грузиската фудбалска ѕвезда, репрезентативецот и играч на Наполи, Хвича Кварацхелија сподели проевропска објава и приказна, пишувајќи дека „патот и иднината на Грузија оди само во Европа“.

„Напред кон Европа! Мир на Грузија!“, напиша тој.

Илија Топурија, првиот грузиски шампион на УФЦ и Мераб Двалишвили, кој моментално е на првото место на ранг-листата на УФЦ во бантам категорија, споделија проевропски објави за поддршка на демонстрантите.

„Болно е да се види како специјалците ги тепаа демонстрантите“, напиша Топурија. „Важно е гласот на грузискиот народ да се слушне и да се почитува. Штета што грузискиот народ сè уште треба да се бори за тоа. Посегнувајќи до Европа, заедно можеме да изградиме попросперитетна и мирна иднина за нашата земја.

Двалишвили напиша дека сака да одговори на „актуелните настани“ во Грузија и да го каже своето мислење дека „Грузија е и треба да биде полноправна членка на европското семејство и цивилизација“.

 

Драган Мишев


Прочитајте и:

Жестоки судири во Грузија поради контроверзниот закон за „странски агенти“ инспириран од Русија

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „руски закон“„странски агенти“ГрусијаПротестисудири
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ