• Latest
Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нови избори, стари кандидати на ДУИ

April 30, 2024
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Нови избори, стари кандидати на ДУИ

April 30, 2024 09:24
in ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

СЕФЕР ТАХИРИ

  • Во листите за кандидати на партиите на Албанците има само проверени кандидати од партиските кланови или анонимуси
  • Првиот парламентарен состав на Албанците бил многу поквалитетен од проектираниот состав на пратениците, кои ќе ги претставуваат Албанците

Го препрочитувам овие денови починатиот професор, Ѓорѓе Марјановиќ, во една колумна тој вели: „Овој народ (ќе) си има власт каква што заслужува! И од тоа нема спас“! Филозофите би рекле: „Каков народ, таква држава“!

Овие денови еден убаво напиша: „Во листите за кандидати на партиите на Албанците има само проверени кандидати од партиските кланови или анонимуси“. Интелектуалците или пак уметниците (божем интелектуалната или културната елита) служат како декор на партиските трибини, во кој демек се претставуваат големи стратегии за иднината на државата и уставно-правната позиција на Албанците во неа.

Партиите на Албанците за жал често се редуцираат на политички субјекти кои функционираат за интересите на нивните врхушки. Знаеме дека партијата не значи целовитост, туку парцијалност, но не баш до толку делче или клановска организација.

Се декларираат дека се демократски, а одлуките најчесто ги носи лидерот или неколку луѓе кои седат до него. Многу често кога се известува од партиите на Албанците, некои од „гласноговорниците“ истакнуваат дека „Претседателството одлучи да го овласти претседателот да ги донесе конечните одлуки“. И за составувањето на листите. Демократски нема што!

И уште нешто! Сите се повикуваат на народот, зборуваат во негово име, дури Зиадин Села ќе рече дека се здружува со Ахмети заради љубовта кон народот. Голема љубов, нема збор!

Следејќи ги изборните процеси од 1990, можам да судам дека првиот парламентарен состав на Албанците бил многу поквалитетен, поелоквентен и поартикулиран во смисла на претставување и аргументирање на политичките барања на Албанците од проектираниот состав на пратениците, кои ќе ги претставуваат Албанците.

Меѓу кандидатите има доста од тие кои во албанскиот блок се нарекуваат „вечни во политиката“.

Мендух Тачи е пратеник од 1998 година, а во шестата еднициа ни се нуди како кандидат или е еден од новите лица на Европскиот фронт, креиран од ДУИ.

До вчера беше еден од лутите ривали на ДУИ, а како што објавив во минатата колумна Али Ахмети го квалификуваше со најцрните зборови. Го нарекуваше водач на криминална група и дека во ДУИ се зачленуваат „ѓубрињата“ од ДПА.

Во ова колумна ќе се обидам да го анализирам кадровскиот потенцијал кој го нуди Европскиот фронт за новиот Парламент, а во следната на коалицијата ВРЕДИ.

Во листата на ДУИ ги нема министрите, дури ни експонираниот прв заменикпремиер Албанец, Артан Груби! Добро, Бујар Османи „трча“ за претседател, и тоа европски „президент“. Мотото на ДУИ на минатите парламентарни избори беше „Зошто да не“ (на албански „Pse jo“).

Листата на кандидати како да е составена за „преговори“ со ВМРО-ДПМНЕ. Се  предлагаат проверени и испробани кадри на ДУИ, кои имале прекрасни релации со партијата на Мицкоски во минатите влади. Добра е како стратегија, но да видиме дали ќе функционира.

Ахмети како макијавелистички политичар со 22 годишно легално искусутво и 20 години нелегално искуство ја научил лекцијата дека на избори не победуваат филозофите, туку тие што имаат влијание во нивните региони или помалите заедници. „Маалско/етничка политика“!

Носител во изборната единица број еден е Блерим Беџети, пратеник од 2002 година, подоцна министер за правда во владата на Груевски, а во последните два мандати градоначалник на општина Сараj. Во краток период беше дел од краткорочната „бунтовничка“ Огнена група, а за напуштањето беше награден со позицијата организациски партиски секретар, а сега и носител на листата на тие кои се борат за европски вредности! По него е поранешниот заменик министер за време на кризата со корона вирусот, Илир Хасани, познат и почитуван доктор, еден од позитивните кандидати кои ги нуди партијата на Ахмети.

Во втората изборна единица носител е Садула Дураку, исто така во повеќе наврати заменикпремиер, министер, пратеник, два пати градоначалник на Липково, член на управниот одбор на Македонски телеком и што уште не. По него на листа е пратеникот Скендер Реџепи Зејд, кој беше пратеник на Алтернатива. Зејд е во добри релации со сопственикот на издавачката куќа Логос А, Аднан Исмаили, за кого се шпекулира дека има конекции во Анкара и Истанбул. За Исмаили имаше претпоставки дека влијаел во процесот на формирањето на партијата БЕСА, а периодов може да се види на собири во кои учествуваат претставниците на ДУИ. На 21 годишнината на ДУИ беше во првите редови. Неслучајно!

Во петтата изборна единица носител е „увезениот“ сојузник Зиадин Села, и он веќе ветеран на политиката, кој иако алијансист изгледа кариерата сака да ја заврши како интегративец, борејќи се за Европа, заедно со поранешниот негов шеф Мендух Тачи. По него, во петата изборна единица е Муса Џафери, кој бил на неколку наврати заменикпремиер и министер, а позицијата пратеник ќе ја искуси за прв пат.

Во шестата изборна единица освен лидерите ветерани Али Ахмети и Мендух Тачи се и премиерот Талат Џафери, пратеничката од Алијанса на Албанците, Илире Даути, министерот за здравство, Илир Демири, поранешниот уставен судија, Сали Мурат, актуелнитe пратеници, Бејџан Илјаз (беше во коалиција со СДСМ), Рина Хајдари и поранешната заменикминистерка за надворешни работи, Фатмире Исаку (од ДПА), на која малку и се слушал гласот како функционерка. Како што се гледа, нема случајности при изборот на идните пратеници. Се работи за избор на партиски парламентарни „војници“ кои во Собранието ќе функцонираат според англискиот камшик систем или принципот на доверба кон партијата (партиите) или лидерот. Сите ќе одговараат пред Ахмети.

ДУИ е произлезена од поранешната ОНА и во неа функционира хиерархијата, а последниот збор за сите значајни одлуки го има лидерот. Неспорно е, Ахмети е „силен“ лидер на својата партија и тоа се докажува со листата во шестата единица. Тргнати се високи партиски кадри, за да им се прави место на новите „пријатели“ и на двајцата кандидати од турската заедница.

Лидерократијата во ДУИ е дефинирана и во статутот на партијата! Во практиката се спроведува перфектно.

Проф. д-р Сефер Тахири е универзитетски професор. 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ