• Latest
Џабир Дерала

Дерала за ТВ Клан: ЦИВИЛ со 80 набљудувачи ќе ги покрие изборите

May 6, 2024
Илустрација: ВИ

„Независни заедно“ и ЗХГ бараат потписи за политичка платформа поради правен вакуум и покрај укинувањето на Правилникот за собирање потписи на независните кандидати

August 11, 2025
Фото: Скриншотови од Фејсбук и Инстаграм

Дегутантни коментари и жесток говор на омраза за трагедијата на бугарскиот нуркач во Охридското езеро

August 11, 2025
Мицкоски, прес, 17 ноември 2024, по состанокот со Македонската банкарската асоцијација (скриншот од снимка на Владата)

Кукавичко одземање животи и убивање припадници на МВР и одбрана не може да биде чесна и праведна војна, вели Мицкоски во реакција на изјавата на Меџити дека војната на УЧК била праведна

August 11, 2025

По вчерашното убиство, директорот на БЈБ во посета на СВР Тетово: Нема да дозволиме насилството на поединци да ги нарушат сигурноста и мирот во заедницата

August 11, 2025

Јаневска: Едносменската настава не е лесен процес, во 25 училишта ќе има потреба од доградба на училници

August 11, 2025

ЦИВИЛ објави проширување на мандатот на својата клучна мониторинг-единица за откривање, следење и справување со хибридните закани

August 11, 2025

Мицкоски за цените на храната: Правиме детални анализи, не сакаме популистички мерки, туку трајно решение

August 11, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската влада го исклучи сигналот на News24, новинарите протестираат; Радомир Лабан – од осуденик во Србија до судија во Косово и безбедносен ризик

August 11, 2025
Фото: Роман Шеремета/ Фејсбук

Специјалниот претставник на Трамп „погрешно го разбра“ Путин: Опасна некомпетентност од некомпетентна администрација

August 11, 2025
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Кримска платформа: Повик за ослободување на затворениците на рускиот систем – случајот на новинарот Вилен Темерјанов

August 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Дерала за ТВ Клан: ЦИВИЛ со 80 набљудувачи ќе ги покрие изборите

May 6, 2024 12:40
in ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

„Ние ќе ги покриваме изборите на три различни начини. Еден тим ќе биде долгорочен, тим за набљудување и тој ќе биде активен. Вториот ќе биде класичен, кадешто имаме набљудувачи повеќе од минатиот пат, односно 80 набљудувачи вклучително и една странска државјанка од една западна држава, и третиот начин е што граѓанките и граѓаните имаат огромна доверба во ЦИВИЛ, и имаме тим кој се занимава со повици од граѓаните без разлика дали ние имаме покриеност, но тие информации секако се проверуваат“, рече претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала во гостувањето во ТВ Клан Македонија.

„Нашата методологија е таква, што и 80 набљудувачи можат да покриват голем простор, големи избирачки места во најмалку 460 избирачки места, меѓутоа постои можност да се покријат и до 750 избирачки места зависно од теренот и рутите кој што ќе ги определи координативниот дел на ЦИВИЛ“, нагласи Дерала.

Тој истакна дека донаторите овој пат се решија повеќе средства да им доделат на меѓународните мисиии отколку на домашните, што влијаше на помалиот број на наблудувачи на ЦИВИЛ.

„ЦИВИЛ како организација беше дел од работната група за изборни измени. Тоа беше една долга комплексна задача која ја спроведуваат многу ентитети – и институции и невладини организации. Беше предводена од правниот експерт и поранешниот претседател на ДИК, Новаковски и тоа беше шест-седум месечна активност на сите што учествувавме во работната група“, кажа претседателот Дерала.

Тој понатаму рече дека партиите во последен момент, во март изгласаа изборни измени.

„Ние имавме огромен документ со многу добри решенија кои беа целосно согласно препораките на ОДИХР и со препораките на ЦИВИЛ, МОСТ, ИНКЛУЗИВА и други низ годините, а само две или три препораки беа имплементирани. Една од тие препораки кои не се имплементираа се однесува на државното финансирање на политичките кампањи. Се работи за државно финансирање на политичките кампањи во медиумите кое вакво какво што е è отворена легализирана корупција на медиумите“, истакна Дерала.

Дерала нагласи дека вака како што е сега секоја партија може со вашите пари да појде во ДИК и да каже – јас ги сакам овие и овие медиуми дајте им ги нив парите, бидејќи тие се мои медиуми. И затоа имате поларизирани медиуми – имате пари кои се слеваат во одредени медиуми кои после тоа „нормално“ ќе навиваат за вас, рече Дерала

„Предлогот на ЦИВИЛ беше да се исфрли државното финансирање, партиите да си прават кампања со свои пари, со спонзори, членарини и други начини.

Не стои образложението дека ова е добро зошто државата има контрола врз парите за финансирање. Вие ако сакате да ги контролирате парите имате Финансиска полиција, УЈП, Државен завод за ревизија,, Антикорупциска комисија и други институции кои можат тоа да го следат и да го санкционираат ако има грешки“, потенцира Дерала.

Н. А. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ