• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ден пред изборен молк, два дена пред двојни избори; Граѓаните ќе гласаат со само една посета на 3480 избирачки места

May 6, 2024

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ден пред изборен молк, два дена пред двојни избори; Граѓаните ќе гласаат со само една посета на 3480 избирачки места

May 6, 2024 14:05
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Двојните избори ( втор круг претседателски и парламентарни) во Република Северна Македонија ќе се одржат задутре, 8 мај, а денеска е последен ден од кампањата на кандидатите за вториот круг од седмите претседателски избори и единаесетите парламентани избори.

Кампањата за претседателските избори започна веднаш по првиот круг од изборите, додека дваесетдневната кампања за парламентарните избори на 18 април. На полноќ започнува молкот пред изборите, кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.

Утре (7 мај) за претседателските избори гласаат иселениците, додека и за претседателските и за парламентарните избори гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и две раселени лица.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ

Кандидати за нов претседател на државата во вториот круг од претседателските избори се Гордана Силјановска Давкова, поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ . Гласањето ќе се одвива во среда на 8 мај, паралелно со парламентарните избори.

За претседател се избира кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40 проценти од избирачите. Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи.

Гордана Силјановска Давкова се бори за прв, а Стево Пендаровски за втор мандат.

Ова е вторпат Силјановска Давкова и Пендаровски да бидат противкандидати на избори за претседател на државата. На минатите претседателски избори во вториот круг од изборите победи Пендаровски.

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

На парламентарените избори гласачите ќе можат да се определат за една од 17 листи на кандидати.

Листи за кандидати за пратеници имаат Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, Коалиција Европски фронт на ДУИ, политичката партија Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“, политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – Суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничка партија. Земјата е поделена во шест изборни единици, а дел од коалициите и партиите имаат листи само за дел од изборните единици.

Коалициите и партиите денеска ќе ги одржат последните митинзи. Официјално е најавен завршниот митинг на Коалицијата „ВЛЕН“ во Тетово, собирот на Левица во Скопје, митинзите на ВМРО-ДПМНЕ во Кривогаштани, Крушево и Прилеп, како и прес-конференции на ЗНАМ.

На парламентарните избори, право на глас имаат 1.815.350 избирачи, што е за 1033 гласачи поголема бројка од претседателските, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство.

ИЗБОРИ И МОНИТОРИНГ

На двојните избори на 8 мај, ќе се гласа на 3480 избирачки места, а избирачите во текот на денот ќе можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со фингерпринт апарати.

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу  акредитирани се домашни набљудувачи – 1078.

Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи. За известување од изборите, според податоците на Државната изборна комисија, акредитирани се 66 странски новинари.

Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач, најмногу од странските набљудувачи. Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE PA) има акредитирано 138 набљудувачи, Амбасадата на Соединетите Американски држави во Скопје – 68 набљудувачи и 33 преведувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа – ад хок комисијата за набљудување на претседателските избори во Република Северна Македонија – 33 набљудувачи и 20 преведувачи, Иницијативата за дијалог и демократија Силба 30, Централната изборна комисија – Република Косово – 13, Европскиот парламент – 12 и други.

За информирање од изборите се акредитирани и 66 новинари и медиумски работници од најголемите балкански и регионални медиуми, но и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал Џезира, Франс прес…

ЦИВИЛ – Центар за слобода спроведува сеопфатен долгорочен изборен мониторинг на Претседателските и Парламентарните избори, од моментот на нивно распишување 14 февруари

ЦИВИЛ- Центар за слобода ќе ги мониторира изборите на 8 мај со 80 акредитирани набљудувачи. Сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни, односно посетуваат поголем број избирачки места, но го набљудуваат поширокиот регион во кој се распоредени.

„Ние ќе ги покриваме изборите на три различни начини. Еден тим ќе биде долгорочен, тим за набљудување и тој ќе биде активен. Вториот ќе биде класичен, каде што имаме набљудувачи повеќе од минатиот пат, односно 80 набљудувачи вклучително и една странска државјанка од една западна држава, и третиот начин е што граѓанките и граѓаните имаат огромна доверба во ЦИВИЛ, и имаме тим кој се занимава со повици од граѓаните без разлика дали ние имаме покриеност, но тие информации секако се проверуваат“, изјави претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала, во денешното гостување во ТВ Клан Македонија.

Посебно внимание во долгорочниот мониторинг на организацијата се посветува на дезинформациите, говорот на омразата и странското малигно влијание, како и на политичкото финансирање, медиумите и почитувањето на законските стандарди во текот на изборниот процес.

ЦИВИЛ спроведе мониторинг на Претседателските избори на 24 април со 51 акредитиран набљудувач.

Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк за претседателските и за парламентарните избори, кој ќе трае до 19 часот на 8 мај. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања, информираа од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

ЦИВИЛ ги повикува политичките партии и сите чинители во изборниот процес, да го почитуваат изборниот молк, да се зачуваат правата на гласачите и да се спречи експлоатација на деца и малолетници за политички цели.

#ТиОдлучуваш #Гласај

Сите важни информации за изборите можете да ги прочитате на веб страницата ГЛАСАЈ, која ЦИВИЛ ја подготви за граѓанска едукација во изборен контекст.

На оваа веб страница се објавуваат релевантни вести и информации за изборите, линкови до официјални извори, како и текстови и видео содржини за граѓанска едукација за правото на глас и важноста на граѓанското учество во изборните процеси.

Сарачини: Излези и гласај, биди вистински сопственик на својата држава

Танеска: Демократијата е одговорност, процес во кој се изнесуваат правата и обврските на граѓаните

Бојаровски: Правото на глас е суверено право на секој граѓанин

Тахири: Гласањето е еден од првите чекори во развојот на демократските процеси

Подготви: Дијана Тахири во соработка со ЦМТ

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ