Промоцијата на книгата „Човекот, роботот и дигиталниот бог“ од Џабир Дерала и Валентин Нешовски ќе се промовира во Рок бар „Гарсон“ на 11 јуни (вторник), со почеток во 19:30 часот. Промотори на книгата се проф. Емилија Целакоска и Ванчо Орданоски.
Најголем дел од книгата е во форма на дијалози меѓу авторите кои се занимаваат со напредокот и примената на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз општеството, економијата, безбедноста, меѓучовечките односи и низа други аспекти.
Според авторите Дерала и Нешовски, „оваа книга е придонес кон разбирањето на вештачката интелигенција, нејзината примена, предизвиците и перспективите, добрите и лошите страни, иднината.“
Идејата за ова дело произлегува од серијата дијалози објавени во рубриката TECH FRONT на Фронтлајн на почетокот на оваа година. Дијалозите се дополнети со нови, необјавени делови, како и сосема нови кратки есеи на темите поврзани со вештачката интелигенција. Авторите ја повикаа и вештачката интелигенција да креира голем број тематски илустрации, еден краток осврт за книгата и фиктивни, футуристички биографии.
Влезот на промоцијата е слободен. Книгата ќе се продава по промотивна цена од 300 денари, информираат организаторите на промоцијата.
Извор: Фронтлајн