• Latest
Фото: МИА

Дебата за приближување на националното законодавство кон европските напори за eколошка правда

June 26, 2024

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

Дебата за приближување на националното законодавство кон европските напори за eколошка правда

June 26, 2024 07:48
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска во Скопје ќе ја одржи петтата сесија од Работната група 5 (Поглавје 27) – „Животна средина“ на тема: „Приближување на националното законодавство кон европските напори за eколошка правда“.

Се очекува низ дијалог на претставници на релевантни институции, граѓански организации, меѓународни експерти… да се постават витални прашања за заштитата на животната средина, со фокус на правната и институционална структура како основен предуслов за превенција и борба против загрозувањето на животната средина.

Воведни обраќања ќе имаат проф. Милева Ѓуровска, национален координатор на НКЕУ-МК и претседателка на Европското движење и Бојана  Станојевска-Пецуровска, претседавач и претседателка на Центарот за климатски промени, Скопје.

Во рамките на Работната сесија ќе се одржи панел-дискусија на која ќе учествуваат експертите: Никола Јовановски, програмски менаџер од Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), како и Норберт КУРИЛА, советник на претседателот на Република Словачка за животна средина, енергија, климатски промени и бизнис клима и Пејо  Киревски, главен инспектор за заштита на природата во Државниот инспекторат за животна средина.

Во вториот дел на сесијата со своја експертиза ќе се претстават и Тања Пауновска, раководителка на Сектор за соработка со единици на локална самоуправа и управни и надзорни работи и претседател на Прекршочна комисија во Министерството за животна средина и просторно планирање, Африм Османи, професор при Универзитетот во Тетово и Марина Малиш – Саздовска, професорка на Факултетот за безбедност „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Проектот Национална конвенција за Европската Унија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот се реализира од страна на Европското движење, а е финансиран од Делегацијата на Европската Унија  и SlovakAid.

Извор: МИА

Tags: ЕУживотна срединаСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ