• Latest
Photo by Max Kleinen on Unsplash

Убиства, насилство, тепачки и – оградата на Владата на „нашата земја“

July 17, 2024
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Убиства, насилство, тепачки и – оградата на Владата на „нашата земја“

July 17, 2024 12:10
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ТОП 5
Photo by Max Kleinen on Unsplash

Photo by Max Kleinen on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

Во период од само неколку месеци има повеќе убиства и обиди за убиства со огнено оружје и за жал ниту еден случај нема целосна разрешница. И додека граѓаните се чувствуваат незаштитени и небезбедни, Владата предводена од Христијан Мицкоски реши да ја врати заштитната ограда на Никола Груевски. Дали тој потег е за поголема безбедност на владините претставници или е само дефокус од реалните проблеми?

Убиства за време на ВМРО-ДПМНЕ и министерот Тошковски

  • Не се знае кој го уби матичниот доктор Ацо Трповски на паркингот пред Поликлиниката Железара.
  • Не е расчистен случајот кој го застрела пејачот Амар Исмани и повреди уште двајца на Пластичарска.
  • Убиството во скопско Батинци се уште е неразјаснето. Полицијата се уште трага по сторителите, од крушуми од калашников беше убиен 34-годишниот Абдил Ибрахими, а повреден беше 31-годишниот сопатник во неговиот автомобил, за кој се верува дека е негови брат.
  • На 5 јули, во Тетово е ликвидиран лицето со иницијали Р.Т.(39). И овој случај не е расчистен.
  • Остава сомнеж и случајот со починатото 24 годишно момче кој пред да подлегне на повредите од пожарот изјавил дека бил киднапиран во Ченто и натеран присилно да се замозапали во Ќојлија. Истрагата на полицијата утврди дека 24 годишниот Б.А. лажел, односно дека тој со запалива течност го полеал контејнерот на агенцијата за рент-а-кар во Ќојлија и го запалил, при што од настанатата експлозија, кај него настанале повреди по телото-изгореници, од кои на 7 јули оваа година тој починал.
  • Почина бизнисменот Чедомир Радомировиќ, кој вчера беше пронајден во скопското с. Орман со повреди на главата, а покрај него имало пиштол и чаураи. Не се знае дали е убиство, самоубиство, или несреќен случај.
  • Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од с. Суви Дол, Македонски Брод, кој во двор на куќа во селото Калуѓерец со ловна пушка уби 31-годишен професионален војник во АРМ.

Ова се само дел од случаите кои беа актуелни во изминатите месеци.

Од опозициската партија СДСМ велат дека состојбата со убиствата станува алармантна, а безбедноста на граѓаните е во ризик поради постојаните пукања.

„Македонија станува сцена од каубојски филм каде убиствата и уличните пресметки се секојдневие. Најстрашно е што нема разрешница на ниедно убиство во последните шест месеци откако Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ раководат со МВР. Оваа неспособност на МВР е загрижувачка и ги охрабрува криминалците. Додека Мицкоски се сили како наводно криминлаците се плашеле од него, државата заличува на предградие на мексикански град каде владеат картелите“, велат од СДСМ.

Горенаведените убиства се случуваат во време кога министер за внатрешни работи е Тошковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Photo by Joel Muniz on Unsplash

Убиства во време на СДСМ и ексминистерот Спасовски (2023 година)

Во „Шиша бар“ на 6 март, убиени се Јетон Кривањева-Жила и Есен Исеинов-Љаци.

Три месеца подоцна, во Приштина е убиен Бљерим Даци, македонски државјанин од Чаир, а неговото безживотно тело беше најдено во автомобил со македонски регистерски таблици.

Нешто подоцна, на 15 јули во Халкидики, Грција, е убиен Орхан Бајрами-Оки, а неговиот пријател Сеад Слезовиќ бил повреден.

Во почетокот на оваа година во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, убиен е Н.Т. таткото на Гани Туша, лицето кое се наоѓа во затвор поради убиството на Орхан Бајрами – Оки. Пред убиството имало пожар во кафулето „Барон“.

Во „Ист Гејт“ на 24 октомври е пукано кон Раде Трајковски Штекли, но беше само повреден. Кон него, на истото место беше пукано и два месеца порано, на 25 август, но не беше погоден.

Photo by Maxim Hopman on Unsplash

Случајот што ја шокираше јавноста 

Основачот на Десна, Љупчо Палевски Палчо е првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Обвинението се заснова на усни и материјални докази за дејствијата на обвинетите, но бидејќи продолжува постапката против првоосомничениот Палевски, кој неодамна беше екстрадиран од Република Турција, Јавното обвинителство не соопштува детали за доказите.

Да потсетиме, малата Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а Панче од Велес на 24 ноември 2023. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) ја признаа вината.

Тепачки, вандализам, насилство…

Но, покрај убиствата, има серија на масовни тепачки, како што беше случајот во Злокуќани или во Штип.

Јавноста беше згрозена и од видеоснимките на кои млади лица насилно се однесуваат и кршат реквизити на детски игралишта.

Справувањето со девијантното однесување кај младите бара поширока кампања, истакна проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова од Институт за социологија при Филозофскиот факултет при средбата со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

– Решението за девијантните појави и однесување кај младите бара поширока кампања во која не
треба да бидат вклучени само стручни лица, туку треба да има општа мобилизација и работа не
само со децата, туку и со родителите за да имаме резултати, рече Иванова.

Справувањето со вандализмот бара законски измени кои ќе ги предложиме до ЗЕЛС, истакна Герасимовски.


ЦИВИЛ МЕДИА

Tags: криминалМВРнасилствообвинителствоубиства
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ