• Latest
Фото: Министерство за финансии

Пензиската дупка ќе се зголемува, растот треба да го бараме во извозот

July 25, 2024
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Пензиската дупка ќе се зголемува, растот треба да го бараме во извозот

July 25, 2024 15:12
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Министерство за финансии

Фото: Министерство за финансии

Share on FacebookShare on Twitter

Фискалниот совет даде зелено светло за ребалансот, но имаше и полно забелешки. Учеството на буџетските расходи во бруто-домашниот производ е големо и таквите проценти на долг рок се неодржливи, рече Глигор Бишев, претседател на Фискалниот совет.

Растот на пензиите од по 2.500 денари годинава и в година, ќе доведе до продлабочување на пензиската дупка што треба да се покрива од буџетот, во јавниот долг треба да се прикажат и долговите на јавните претпријатија, треба да се зголеми буџетот за јавните обвинителства, затоа што е најмал во целиот регион, да се почитува регулативата за Судскиот буџетски совет…

Како што пишува Слободен печат, ова се дел од забелешките што беа упатени до министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска, која вчера еден час го образложуваше ребалансот на буџетот што влезе во собраниска процедура со негово претставување на Комисијата за финансирање и буџет, на која зборуваа и претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев, овластениот претставник на Судскиот буџетски совет Силвија Јаневска и јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски.

Министерката Димитриеска-Кочоска повтори дека со ребалансот приходната страна на буџетот ќе биде 5,17 милијарди евра, што е зголемување од 133 милиони евра во однос на првичниот буџет. Расходната страна сега ќе тежи 5,9 милијарди евра и тука има зголемување од дури 322 милиони евра.

– Предлагаме најоптимално решение со состојбата што ја затекнавме, имавме мал простор на маневар и секако требаше да ја земеме предвид макроекономската состојба. Обезбедуваме средства за сите оние и за сè она што било предвидено со закон, а немало средства. Како одговорна влада, ние го почитуваме словото на законот – рече Димитриеска-Кочоска.

Првичните проекции за економскиот раст за 2024 година, како што рече, се неостварливи. Беше планиран 3,4%, но сегашните проекции се за 2,1% и на тоа се темели ребалансот.
Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев го поздрави брзиот ребаланс, кој треба да се усогласи со новите макроекономски движења, а според сè уште забавениот раст на Германија.

– Нето-извозот ни се намалува. Лани имавме покриеност од 75 проценти на увозот со извоз, сега 70 проценти. Како мала и отворена економија не можеме да го стимулираме растот само со домашна потрошувачка. Личната потрошувачка ќе ни расте 2,5 проценти, бруто инвестиции околу 10 проценти, но на крај растот ќе биде 2,1 процент. Затоа, за да обезбедиме поголем раст, фокусот треба да биде на нето-извозот – рече Бишев.

Тој потенцираше и дека вакво учество на буџетски расходи од 40 проценти во бруто-домашниот производ (БДП) е неодржливо.

– Вкупните буџетски расходи на долг рок треба да бидат 33%, 34%, затоа што капацитетот на буџетски приходи е 31% од БДП. За 4-5 години имаме енормен раст на учество на буџетски расходи во БДП и тоа создава големи ризик – рече Бишев.

Иако министерката за финансии во изминативе денови убедуваше дека зголемувањето на пензиите на два пати по 2.500 денари, како вкупна маса на пари, е еднакво на зголемувањето што и онака би им следело на пензионерите, но сега има поправедна распределба, за да добијат повеќе пари оние со пониски пензии, Бишев рече дека нивната анализа покажува дека за 4 години се потребни дополнителни 25,8 милијарди денари (околу 420 милиони евра). Со ова сегашните дотации од државната каса за пензии кои учествуваат со 30 проценти, значително ќе се зголемат.

Тој рече и дека кумулативните неизмирени обврски на јавните претпријатија се 500 милиони евра и ако тие се стават во јавниот долг, согласно барањата на Европската Унија, тој веќе ќе биде 65,66%.

Судски буџетски совет: Не се обезбедени доволно пари

Судскиот буџетски совет, согласно закон, треба да има буџет еквивалентен на 0,8 проценти од БДП. Но, како што рече Силвија Јаневска, овластена за расправата за ребалансот, оваа законска обврска никогаш не била исполнета и со години наназад буџетот им бил само 0,3 проценти од БДП. Со ребалансот нивниот буџет е скратен за 56,6 милиони денари.
Јаневска посочи дека најмногу пари се кратат а капитални проекти кои требале да се изведуваат во текот на летото кога нема активности.

– Не се обезбедени ниту пари за додатоците што им следуваат на вработените и тоа ќе биде сериозен проблем – рече Јаневска.

 Буџетот за обвинителите е најмал во регионот

Основните средства за обвинителството се намалуваат за повеќе од 1 милион евра.
– Со вакво кратење се доведува во прашање редовно работење на јавни обвинители. Предвидени се кратења за истражни дејства, за вештачења, за одржување на возила кои се неопходни… – рече јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Тој потенцираше дека ваков низок удел на буџетот за обвинителите во вкупниот буџет на државата нема никаде во регионот. Според презентираните податоци, учеството на буџетот за Обвинителство кај нас со ребалансот е 0,22%, во Црна Гора е 0,36, во Србија 0,41, во Косово 0,52, а во Бугарија 1,8 проценти.

М. Д.

 

Tags: БДПбуџетпензииФискален совет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ