• Latest

Новакоски: Потребна е промена на изборниот модел!

February 2, 2017

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Новакоски: Потребна е промена на изборниот модел!

February 2, 2017 20:05
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во моментов е тешко да се даде релеватна оценка за изборниот процес. Но, едно е точно. Овие избори не беа фер и демократски“, ја даде својата оценка д-р Александар Новакоски, екперт на ЦИВИЛ – Центар за слобода, на денешната промоција на публикацијата, посветена на целиот изборен процес за предвремените парламентарни избори, кои требаше да донесат излез од политичката криза во Македонија.

Експертот д-р Новакоски, поаѓајќи и од својата емпирија во улога на поранешен претседател на Државната изборна комисија, посочи на одговорноста, посебно на политичките партии, кои го склучија договорот за создавање услови за фер и демократски избори.

„Политичките партии се договорија за избор на методологија во Избирачкиот список, ги избраа ‘делегатите’ во изборните комисии, во Државната изборна комисија. И неслучајно – велам делегати, бидејќи тие постапуваа исклучиво според насоките коишто ги добиваа од изборните штабови. Со оглед на фактот, што според изборната методологија, како што укажав на самиот почеток, и пред изборите на една дебата на ЦИВИЛ, може да се случи гласачи да не се евидентирани на Избирачкиот список. Впрочем, овој пат, тоа се случи! И тоа е потешка повреда на избирачкото право, од која било друга повреда“, рече д-р Новаковски.

Тој оцени дека политичките партии со техничката влада за спроведување избори, за првпат создадоа одредени услови.

„Имаше мирен изборен ден, но по изборниот ден се случи да има пробивање на сите можни рокови околу објавување на резултатите, околу одлучување во приговорите и доколку таа практика која се воведе за неколку приговори, продолжи и во иднина, ние и во идните изборни процеси, во роковите кои се согласни со Изборниот законик, ќе немаме објавување на конечни резултати“, рече Новаковски.

Тој укажа дека во првичните извештаи кои доаѓаат од релевантните тела, „ќе го видеме секако извештајот на ОБСЕ и ОДИХР, ќе бидат евидентирани сите овие повреди на изборниот процес. Така што, овие избори ќе добијат оценка дека биле компетитивни, кредибилни, но никако нема да добијат оценка дека биле слободни, фер и демократски избори“, заклучи д-р Новаковски.

„Многу одамна имавме оценка, согласно со стандардите за избори утврдени со европските стандарди. Но, ни претстои поголема работа за да дојдеме до одредена оценка – дека граѓаните слободно ја изразиле својата волја, дека клучот е повторно во државата и во независните институции. Се случи тоа што се случи. Сега, треба да се размисли за промена на изборниот модел, бидејќи во нашата држава – за еден член од Уставот, видни правници не можат да се усогласат неколку недели. Тогаш, како би се усогласиле во оценката за овие избори“, рече Новаковски, изразувајќи надеж дека ќе продолжи соработката на ЦИВИЛ со Сојузна Република Германија, бидејќи како што рече на Македонија, на ова поле ќе ѝ треба уште многу помош.

Моника Талеска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ермин Климента

Tags: Александар НовакоскиДИК; политички партииизбирачки списокизборен моделизбори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ