• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Џефри Сакс омилен во македонските медиуми: Во одбрана на ликот и делото на Александар Вучиќ

August 22, 2024

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Џефри Сакс омилен во македонските медиуми: Во одбрана на ликот и делото на Александар Вучиќ

August 22, 2024 16:27
in АНАЛИЗИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Во контекст на засилена руско – српската пропаганда во дел од македонските медиуми, особено во одбрана на ликот и делото на српскиот претседател Александар Вучиќ. кој е на удар на српската јавност која во се помасовни протести остро се спротвставува на одлуката на Вучиќ да му дозволи ископување во Србија на Рио Тинто, напомош повторно е повикан контроверзниот универзитетскит професор, директор на Центарот за одржлив развој на Универзитетот Колумбија, поранечен економски советник на владите во Латинска Америка, Источна Европа и поранешниот СФРЈ и Советски Сојуз и докажан русофил, Џефри Сакс.

ЦивилМедиа веќе објави една опсежна анализа за  тоа кој е всушност Џефри Сакс и како неговите аргументи патуваат некритички низ локалниот медиумски простор, кои се мислењата на неговите академски колеги за него, при што ги претстави и деловите од неговата биографија, која е поразлична од онаа како што сакаат да го претстават медиумите кои ги користат неговите услуги за своите агенди.

Повторно Сакс е на агендата на пропагандистите кои оперираат во регионот задолжени во одбрана Вучиќ со дезавуирање на проблемите со кои се соочува српскиот претседател во својата земја и одеците на истите во регионот.  Сакс е повторно тука да укаже дека Србија со право се стреми да одржува добри дипломатски односи со сите партнери – САД, Русија, Европската Унија (ЕУ), земјите од Заливот, Кина и други, и секако да ги обвини САД, како дежурни виновници според наативот на автократите во регионот и ширум земјината тока. Според него, ако нешто на САД не им се допаѓа, тоа е неутралноста. “Или си со нас или си против нас“ е нивната стандардна позиција, која се заснова на ароганција и речиси никогаш не успева“, нагласува Сакс во интервју за НИН, со големо задовоство преземено од поголем дел од македонските медиуми, традиционано наклонети кон политиката на северниот сосед и пропагандните наративи на Москва.

Тој изјави дека Србија и балканскиот регион воопшто ќе напредуваат со мир, обновување на економските односи меѓу ЕУ и Русија, одржување на отворена трговија и соработка со Кина, силни економски односи меѓу Балканот и Блискиот Исток, мир во Палестина (имплементација на решението за две држави за Израел и Палестина под надзор на Обединетите нации) и европското партнерство со кинеската иницијатива „Појас и пат“, со еден збор –  мултиполарност, во која главен збор ќе водат Русија и Кина, а не „ослогласените “ САД. Вокабулар речиси идентичен со оној на Путин, и во последно време прилично често употребуван на различни нивоа од политичкото миље во Северна Македонија.

Ова е само продолжение на она за што пишуваше ЦивилМедиа пред извесно време кога исто така се возбудија духовите во дел од македонските медиуми, повеќето традиционално ангажирани во одбрана на  српскиот претседател Александар Вучиќ и следствено на тоа во ширењето на српската пропаганда, поради интервјуто на дискредитираната контроверзната американска медиумска личност, Такер Карлсон  со, како што го нарекуваат, познатиот американски економист Џефри Сакс, во кое вториов, кој е некритички пренесен, „брутално искрено“ ќе изјави дека САД го бомбардирале Белград за да ја распарчат Србија и да создадат држава Косово каде што ќе имаат воена база, како и неговото откривање на „новата вистина“дека мотивите за НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 година биле спасувањето на производителите на оружје, како повисок приоритет за коалицијата НАТО отколку, како што се изразил Карлсон – „угнетеното муслиманско население“. Истиот наратив што сега го користи српскиот претседател Вучиќ.

Овде вреди да се напомене дека, Сакс, кој имаше улога на економски советник на владите во Латинска Америка, Источна Европа и поранешниот Советски Сојуз, но и во владата на премиерот на поранешна СФРЈ, Анте Марковиќ, во 2013 година на состанок во Белград, на тогашниот претседател на српската влада, Александар Вучиќ му ги понудил своите совети за српската економија, вест која тогаш ја објавиле неколку македонски медиуми, a коja подоцна, од непознати причини, ја снема од нивните веб страни.

Карактеристично за сите портали  е што при преземањето на изјавите на Сакс, тие се објавуваат интегрално, некритички и непотврдени, ниту од другата инволвирана страна, ниту од трет, независен извор.

И секако, „брутално искрената нова вистина“ на Џефри Сакс македонските медиуми според вообичаената пракса ја објавуваат во содејство со колегите од медиумите од соседна Србија.

Едно, две, и ликови како Џефри Сакс и Скот Ритер одново и одново ги гледаме на страниците на  македонските медиуми. Секако не е прв пат, а сигурно нема да е ниту последен, на дел од македонските медиуми овие контроверзни ликови, блиски до политиката на Кремљ и Белград кои шират руски, и српски  пропагандни наративи и дезинформации, да се повикуваат за коментарите овие омилени „аналитичари“ претставувани како експерти и „релевантни извори“ за анализи. Тоа што истите се разобличени, и нивните контроверзни биографии оставени на увид пред македонската публика, очигледно не им значи многу на медиумите кај нас кои ги сервираат нивните анализи. Најверојатно, при проценката помеѓу нивната релевантност и исполнувањето на нарачките од „центарот“, преовладува ликративноста.


Специјално за ЦивилМедиа. Сите права се задржани. Преземањето е дозволено само со писмена дозвола од Редакцијата.
Tags: Александар Вучиќмакедонски медиумиЏефри Сакс
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ