• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМдиа

Македонските медиуми во одбрана на ликот и делото на Александар Вучиќ

June 7, 2024

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Македонските медиуми во одбрана на ликот и делото на Александар Вучиќ

June 7, 2024 11:49
in АНАЛИЗИ, КОНТЕКСТ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМдиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМдиа

Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на засилена руско – српската пропаганда во дел од македонските медиуми, кој доби на интензитет особено по изгласувањето на резолуцијата за Сребреница, и пристигањето на западната помош за Украина и одобрувањето на „ограничено“ користење на западното (американско) оружје врз воени цели на руска територија, ЦИВИЛ Медиа во својата анализа забележува е дека за таа цел се користат најразлични, помалку или повеќе „релевантни“ извори, од  заканите на официјални српски и руски државни функционери, до  дискредитирани антиамерикански пропагандисти – путинисти.

Таков е случајот со контроверзната американска медиумска личност, Такер Карлсон – антиамерикански пропагандист, десничар, теоретичар на заговор, поранешен Трампист, мизогин, расист, хомофоб кој  го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин, и „соучесникот“ во неговото интервју, универзитетскиот професор и директор на Центарот за одржлив развој на Универзитетот Колумбија, економски советник на владите во Латинска Америка, Источна Европа и поранешниот Советски Сојуз, Џефри Сакс.

Она што сега ги возбуди духовите во дел од македонските медиуми, повеќето традиционално ангажирани во одбрана на ликот и делото на српскиот претседател Александар Вучиќ и следствено на тоа во ширењето на српската пропаганда, е токму интервјуто на Карлсон со, како што го нарекуваат, познатиот американски економист Џефри Сакс, во кое вториов, кој е некритички пренесен, „брутално искрено“ ќе изјави дека САД го бомбардирале Белград за да ја распарчат Србија и да создадат држава Косово каде што ќе имаат воена база, како и неговото откривање на „новата вистина“дека мотивите за НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 година биле спасувањето на производителите на оружје, како повисок приоритет за коалицијата НАТО отколку, како што се изразил Карлсон – „угнетеното муслиманско население“. Истиот наратив што сега го користи српскиот претседател Вучиќ.

Овде вреди да се напомене дека, Сакс, кој имаше улога на економски советник на владите во Латинска Америка, Источна Европа и поранешниот Советски Сојуз, но и во владата на премиерот на поранешна СФРЈ, Анте Марковиќ, во 2013 година на состанок во Белград, на тогашниот претседател на српската влада, Александар Вучиќ му ги понудил своите совети за српската економија, вест која тогаш ја објавиле неколку македонски медиуми, a коja подоцна, од непознати причини, ја снема од нивните веб страни.

Карактеристично за сите портали  е што при преземањето на изјавите на Сакс, тие се објавуваат интегрално, некритички и непотврдени, ниту од другата инволвирана страна, ниту од трет, независен извор.

И секако, „брутално искрената нова вистина“ на Џефри Сакс македонските медиуми според вообичаената пракса ја објавуваат во содејство со колегите од медиумите од соседна Србија.

Драган Мишев

Tags: Александар Вучиќмакедонски медиумисрпска пропаганда во МакедонијаЏефри Сакс
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ