• Latest
Ерол Ризаов

Катастрофален старт на власта

August 28, 2024

Не е проблемот во AI, туку во контролата: Лекција од изгубените податоци

April 28, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

April 28, 2026
(Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

April 28, 2026

Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

April 28, 2026

Профитот не вреди колку животот: ЦИВИЛ бара безбедни работни места и социјална правда за работниците!

April 28, 2026

Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

April 28, 2026

Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

April 28, 2026

(ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

April 27, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лажги

April 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

    (Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

    Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

    ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

    Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

    Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Не е проблемот во AI, туку во контролата: Лекција од изгубените податоци

    Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

    (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СТАВОВИ

Катастрофален старт на власта

Во Македонија на лагата долги ѝ се нозете, можат со години да се лажат заблудените, ама колку подоцна се откриваат, толку потешки се разочарувањата и последиците

August 28, 2024 20:16
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

И најголемите верници препознаа дека со тој чин, и не само со тој, е направена злоупотреба на верата во политички цели. Во сите три Аврамови, или Ибрахимови вери, сеедно, стојат запишани во светите книги како голем грев божјите заповеди: не убиј, не кради, не лажи, не изговарај го напразно името на Господа… а веќе сите гревови од десетте најголеми се случија. Световните работи не се решаваат со молитви, туку со знаење и работа.

Изборот на владата и на премиерот по молитвата почна со многу дим и пламен, со големи пожари, секојдневни скандали и со засилување на опозициска кампања на власта за наредните избори кои ќе се одржат догодина. Кој за што, премиерот Мицкоски го врти јазот накај избори. Му се уарниле над 500.000 гласа, убеден дека му се во ладилник со длабоко замрзнување, па може да ги одмрзне кога сака. Кажано попрецизно, тој и неговата партија најдобро функционираат во предизборна кампања. Им требаат постојано предавници и непријатели, манипулации, лаги, патриотски тензии, спасување на Македонија од Македонци, мечки, волци и други националности и лоши комшии. Кога ќе дојдат на власт, по направената пустош во главите на луѓето од пропаганди и лаги, не можат да функционираат ако не ја заробат државата.

Кои се најголемите грешки 

Како горат планините, шумите, националните паркови, така горат и надежите, дека некои од главните државни приоритети ќе се решаваат брзо. Овие стотина дена само слушаме држте го крадецот, дека власта на заминување оставила празна каса и хаос. Оправдувањата за лошиот почеток и погрешната насока по која тргна новата власт држат вода кусо време каде што превладува разумот, што за голема жал кај нас секогаш е во малцинство. Во Македонија на лагата долги и се нозете, можат со години да се лажат заблудените, ама колку подоцна се откриваат, толку потешки се разочарувањата и последиците.

Еве ги најголемите грешки во рекордно кусо време. Прво, па машко, најнапред кредит од милијарда евра нови задолжувања под сомнителни околности кои се поочигледно дека ќе бидат употребени, читај раздадени по општините главно за коруптивни локални избори идната година, а голема е веројатноста и за предвремени парламентарни избори ако не се одмрзнат „замрзнатите”.

Одложување на уставните промени што е главен и единствен предуслов за продолжување на преговорите со ЕУ е со глупаво оправдување дека во Бугарија нема политичка влада со која власта планира повторно да преговара, што е невозможна мисија за подобрување на преговарачката рамка прифатена од ЕУ, или пак за некакви суштински промени на веќе склучениот договор.

Бугарија која е во постојани пата-пата изборни циклуси во октомври ќе има седми парламентарни избори. Кога ќе има стабилна политичка влада, не може никој да прогнозира. А, и да има, тешко е да се верува дека ќе има некои промени кои се ветуваат на големо во Македонија.

Со Грција се влошени односите без никаква потреба. Не се гледа некаква загриженост во власта за одложувањето на преговорите со ЕУ. Напротив, тој врвен државен интерес и приоритет се игнорира и се сместува во бајати теми кои не носат изборни поени.

Скапоценото изгубено време, се оправдува со: еее, сме чекале толку време, па од тоа ништо не бидна. Ќе почекаме додека не попуштат Бугарите и ЕУ.

Ќе се научат ли историските лекции

Никој уште во државата рационално и јасно не објаснил што изгубија граѓаните на личен план и што уште можат да изгубат, што Македонија доцни со децении. Голем број граѓани уште веруваат дека, ако не биде подобро, се ќе биде исто во нивниот живот, па затоа и не мора да правиме компромиси. Голема заблуда. Треба еднаш конечно да ги научиме историските лекции за загубите на Македонија низ целата нејзина историја на доцнење, па тогаш може да стане појасно колкава е нивната лична загуба.

Медиумско прогласување на дестабилизација на државата од страна на премиерот и партискиот врв на ВМРО ДПМНЕ предизвика вртење на вниманието на јавноста од главните проблеми и скандали што и беше целта. Сега веќе премиерот Мицкоски не зборува дека се подготвува дестабилизација, туку дека има можност тоа да се случи. Што е малку различно од тоа дека ќе има.

Се врши силен притисок за преземање на комплетниот правосуден систем и ставање на судската власт под партиски диктат. Партизацијата на правосудниот систем е силен удар врз демократијата и владеењето на правото. Потполно е јасно дека се работи за поставување на партиски кадри во судството и за контрола на власта врз правосудниот систем.

Според јавните закани на партиски и владини функционери и притисоците за радикални промени во судството и обвинителството, со поставување партиски подобни судии и обвинители, власта се подготвува за инсталирање на страховлада и пресметка со политичките противници со нарачани апсења и судски процеси.

Се прозиваат јавните обвинители преку медиумите што и како треба да работат. Тоа веќе еднаш го видовме во ерата на груевизмот која ја уназади Македонија со децении. Тој терор на следење и држење под надзор на илјадници јавни личности и нарачани судења и затворски казни остави трагични последици чии корени и нови фиданки се уште се на висока цена во ВМРО ДПМНЕ.

Намерите за воспоставување на режим може да се видат и по масовните чистки во сите државни компании и институции. Се отстрануваат стручни луѓе за на нивни места да дојдат партиски активисти. Владее вистинска наезда на деградација на институциите и јавните компании, на државните фондови и стручните служби на министерствата.

Зошто ли го пуштија она, мислев умно дете, Тимчо Муцунски да зборува како партиски јастреб тоа што не му личи и од што утре ќе се срами. Тој со своето „големо“ дипломатско искуство од два месеци министер за надворешни работи ги враќа и ги сослушува искусните македонски дипломати кога се најпотребни да бидат таму кај што се испратени.

Во тек е блокирање на Скопје за преземање на градоначалничкото место со небулозно обвинување дека вмровскиот кандидат што стана градоначалник на главниот град бил диригиран и под контрола на опозицијата, иако блокадата на очиглед на целата јавност е од советниците на ВМРО ДПМНЕ, поточно е директива од партискиот врв. Навистина чија е градоначалничката на Скопје, на тие што ја кандидираа и се сликаа со неа на билбордите, или тие што сега бараат да си поднесе оставка. Истите луѓе со две лица. Барем да признаат дека згрешиле. Велат без срам и перде таа не е наша, туку на СДСМ.

Откриени се лагите и за поголеми плати и пензии. Се врши притисок за партизирање и на синдикатите. И еден куп други скандали кои ги откриваат лагите од предизборните ветувања.

Цветаат примитивизмот, провинцијализмот, алчноста, неизживеаноста и лечењето на комплекси на функционерите на новите власти. Тоа е сегашниот амбиент во Македонија, кога власта уште е опозиција со обиди да воведе режим кој веќе го преживеавме по 11 години. Ако од тоа ништо не научивме нека ни биде.

Текстот е личен став на Авторот. Извор: Независен

Tags: владаВМРО - ДПМНЕПремиерот Христијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • До пазарот и назад

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

    85 shares
    Share 34 Tweet 21
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ