• Latest
Фото: МИА

Гофус: Некоординираните дејства на косовската Влада на северот го зголемуваат ризикот од насилство

August 30, 2024

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Гофус: Некоординираните дејства на косовската Влада на северот го зголемуваат ризикот од насилство

August 30, 2024 08:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Помошникот генерален секретар на НАТО задолжен за операции, Томас Гофус изјави дека некоординираните дејства на Владата на Косово, особено на северот на земјата, населен со мнозинство Срби, може да го зголемат ризикот од насилство, што ја загрозува безбедноста на сите луѓе во земјата и ги загрозува војниците на КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина.

Гофус во синоќешното интервју за косовската јавна телевизија РТК, по вчерашните средби во Приштина со претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти, порача дека НАТО останува посветен на безбедноста на Косово и на Балканот.

„Во текот на минатата година го зголемивме бројот на војници во Косово, со цел, за жал, да се справиме со попредизвикувачкиот безбедносен амбиент и повторното појавување на тензиите. Ова уште еднаш ја покажува посветеноста на сојузниците и партнерите на НАТО за одржување на безбедноста во Косово и воопшто на Балканот“, рече Гофус за јавната радиотелевизија.

Тој нагласи дека зголемувањето на воени трупи, неопходно во моментов, не е решение за долгорочен мир на Косово, туку тоа решение мора да биде политичко.

„Од суштинско значење е и Приштина и Белград да бидат конструктивно вклучени во дијалогот олеснет од ЕУ за решавање на преостанатите прашања. Продолжуваме да ги повикуваме сите страни да ги спроведат постигнатите договори без одлагање. Како што видовме, ненадејните и некоординирани акции, особено на северот на Косово, можат да го зголемат ризикот од насилство, што ја загрозува безбедноста на сите луѓе во Косово и ги загрозува војниците на КФОР“, рече Гофус.

Високиот претставник на Алијансата додаде дека тоа ја зголемува загриженоста на НАТО и партнерите за стабилноста на регионот и Косово и безбедноста на неговите војници. Тој рече дека војниците на КФОР остануваат посветени на своите должности, особено на северот на Косово, со редовни патроли и внимателно следење на ситуацијата на теренот.

„Тие непрекинато работат на тоа да ја одржат ситуацијата мирна, спроведувајќи го мандатот на ОН. Ова им го кажав на сите со кои разговарав, дека е важно да се има координација со НАТО за повеќе прашања, вклучувајќи го и мостот на реката Ибар“, изјави Гофус.

Tags: Влада на КосовоПомошникот генерален секретар на НАТО задолжен за операции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ