• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Додека Мицкоски се сети, отиде полугодието

September 3, 2024

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Додека Мицкоски се сети, отиде полугодието

September 3, 2024 13:02
in ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

На самиот ден на започнување на новата учебна година, премиерот Христијан Мицкоски се сети да најави лимитирање на цените на производите кои се неопходни за старт на учебната година, откако (се надева) ќе биде готова анализата, денес-утре, па некое утре на владина седница ќе изнесат план, па расправа по планот, па планот во акционен план, па изјава, па секако прес, па службен весник, па ќе фати празник… и отиде полугодието.

Иако вмровските тролови на социјалните мрежи продаваат ветер и магла, и овој потег во најава на невидено го претставуваат како епохален, сепак, како некако касно да му текна на премиерот на нашата земја да најавува мерки за олеснување неопходни за стартот на учебната година откако истата веќе започна, и најголем дел од родителите веќе го купиле училишниот прибор неопходен за нормално одвивање на штотуку започнатата настава во училиштата.

А и мораше да излезе со некое вакво ветување, колку да не биде без ич, додека во соседството, владите на Црна Гора и Србија преземаат мерки за заштита на граѓаните, намалување на маржите и цените на одредени поризводи во малопродажната мрежа. Само нашиот премиер, во дослух со олигарсите и бизнис заедницата како мерка во борбата со високите цени и за подобрување на стандардот на граѓаните, Мицкоски се одлучи само да упати апел до трговците максимално да ги намалат маржите на производите, но истовремено истакна дека Владата нема намера да интервенира во цените.

Ако на оваа се додаде дека истава влада нема намера годинава да ги покачи платите на работниците, наставниците, професорите… најавата за лимитирање на цените што му го сугерирале од ПР службата, останува уште еден маркетиншки трик за заблудување на широките народни маси, да држи влага кај гласачкото тело, до некој нов дефокус од сопствената неспособност.


Текстот е личен став на авторот
Tags: закаснето ветувањепартисли троловипочеток на учебна годинаПремиерот Христијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ