ЦивилМедиа постави прашање на својата Фејсбук страница – Кои се клучните проблеми на почетокот на учебната година?, давајќи им можност на родителите да одговорат во коментари или во порака анонимно.
Најголемиот број одговори дојдоа преку пораки каде родителите изразија загриженост за попатните финансиски трошоци за „бесплатното“ образование, лошата состојба на учебниците, хигиената, превозот, преселбата на децата во други училишта, поради недовршена реконструкција на тие во кои учеле претходно, како ќе се организираат со едносменската настава, безбедноста во и надвор од училиштето…
Во коментари еден читател пишува:
„Децата се припремаат за живот и свет како што бил во 20 век, а не за каков ќе биде на средината на 21 век. Тоа е заеднички проблем, со мали исклучоци, во сите пораниешни југословенски земји“.
Додека друг читател иронично коментира:
„Нема професори, нема проблеми“.
Не изостанаа партиските префрлувања на вината за хаосот во образованието. Пренесуваме во целост еден коментар на еден граѓанин, за правописот не одговараме.
„Проблем е што седесеме и терористичка учк го запустија образовнието во македонија“, коментира еден граѓанин.
Ова се само дел од коментарите, поголемиот дел се испртени во порака со барање да останат анонимни.
Д. М.