• Latest

ПИОСМ за ЦивилМедиа: Во тек е собраниска постапка за измени на Законот, покачувањето на пензии може да се очекува во октомври

September 4, 2024

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ПИОСМ за ЦивилМедиа: Во тек е собраниска постапка за измени на Законот, покачувањето на пензии може да се очекува во октомври

September 4, 2024 13:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Нашата редакција врз основа на реакции од читатели пензионери, кои што упатија прашање што се случува со ветеното покачување од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Ветувањето од 5.000 денари, се подели на 2.500 денари во септември односно 2.500 денари во март 2025 година.

Каде настана забуната кај пензионерите?

На 27 август Министерството за социјални политики, демографија и млади соопшти дека предлог законското решение за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување ја помина владината процедура наскоро ќе се најде во собраниска процедура.

„Со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, се предлага зголемување на пензиите на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година. Поконкретно, на 1 септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари.“, соопштија од Министерството.

Според реакциите на пензионерите, ваквото образложение што го прочитале по медиуми, ним им кажува дека на 1 септември со августовската пензија ќе имаат покачување од 2.500 денари. Пензиите легнаа, но покачувањето не.

ЦивилМедиа прати прашање до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) кога точно може да се очекува покачувањето на пензиите.

Прашање до ПИОСМ: Кога пензионерите може да го очекуваат покачувањето и што ја предизвикало забуната кај нив за да го очекуваат покачувањето со августовската пензија?

„Почитувани, во одговор на вашиот мејл, ве известуваме дека во тек е постапка за изменување и дополнување на Законот за ПИО кој се однесува  на линеарното покачување на пензии. По завршување на постапката и донесување на измената на Законот во Собрание на РСМ ќе може со сигурност да одговориме на мејлот. Имајќи го во предвид законското решение и праксата во работењето на Фондот на ПИОСМ линеарното покачување би се очекувало да биде во октомври месец“, одговорија од Фондот.

Според одговорот на ПИОМ може да се заклучи дека линеарното покачување би се очекувало во октомври, заедно со септемвриската пензија. Сепак, тоа се основа на нивната пракса и досегашното работење, но не можат со сигурност да гарантираат дека така ќе биде. Поточно, одлуката зависи од кога Предлог законот ќе се постави на дневен ред во Собранието и кога ќе биде изгласан од пратениците.

Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ