• Latest

Насилството меѓу учениците ќе се намали: Со „Поправен дом“ за децата насилници, јавно жигосување и општокорисна работа, парична казна за родителите…

September 24, 2024
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

НАТО испрати германски борбени авиони да пресретнат руски шпионски авион над Балтичкото Море

August 27, 2025

Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени, ако не добиеме цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното барање од Софија

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Насилството меѓу учениците ќе се намали: Со „Поправен дом“ за децата насилници, јавно жигосување и општокорисна работа, парична казна за родителите…

Насилството меѓу учениците ќе се намали „со домашно воспитување, промоција на љубовта, разбирањето и толеранцијата како највисока вредност“

September 24, 2024 12:21
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Од почетокот на учебната година сведоци сме на насилни инциденти меѓу учениците. Не изостанува ни булингот во училиштата. Во изјави за ЦивилМедиа, МВР и МОН тврди дека континуирано спроведуваат проекти за превенција и дека во нив учествуваат повеќе засегнати страни и институции. Но насилството не престанува.

Следејќи ја темата, ЦивилМедиа го постави прашањето на својата Фејсбук страница како текстуална објава и кратко видео:

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Како да се спречи насилството меѓу учениците?

На ова прашање одговорија над 50 граѓан(к)и кои велат дека насилството меѓу уцениците може да се спречи со домашното воспитување, со казни за родителите на децата насилници, насилниците да бидат казнети со општокорисна работа, родителите да посветат повеќе внимание на децата или како што еден граѓанин вели: Домашна работа – домашно воспитување.

Ви пренесуваме дел од коментарите:

  • „Некаде читав една статија од друга земја мислам од Скандинавските ,детето насилник се става во позиција на дете жртва значи сменети улоги, и се дозволува сето она што го правел нему да му се прави буквално се со цел да влезе емоционално во кожата на жртвата, а останатите како неми посматрачи или снимачи на Тик Ток клипчиња да научат колку е бесмисленоста на булингот, а родителите се посматрачи со цел да осознаат колку потфрлиле во своето воспитување. Чудно, но нивниот систем го дозволува тоа…“, вели Snezana Taneska
  • „Децата го прават она што го гледаат, слушаат од возрасните! Еве еден прост пример, вистинско сведоштво од летово.Се сончаат, се капат дечиња на кеј на Охридско езеро. Меѓу многуте деца и неколку ромски дечиња и “госпоѓи” со деца или со кучиња -миленичиња!Една од “госпоѓите” им вели на своите деца: „Бегајте настрана, не се приближувајте, овие ќе ве наполнат со вошки”.

    И децава бегаат, ромските дечиња слушаат, а никој не коментира што некоја дотична “госпоѓа” или истата која ги омаловажува ромските деца го чува своето милениче крај децата без да знаеме дали воопшто е вакцинирано, да легнат, играат во трева до или на кучешкиот измет!

    Се заради тоа што таа е некаква “госпоѓа”!

    Нема казни, нема кому да пријавиш!!!

    Тоа слично или исто ќе се случи и во училиште, децата од дома научени на врсничко насилство небитно психичко или физичко!

    Читам коментари дека треба да го научите вашето дете да возврати! Колку погрешно. Потоа не се чудете кога еден ден тоа ќе ви возврати и на вас ако како мерка ви е насилството!“, коментира Jasmina Hristoska.

  • „Со сигурносни камери, со јавно жигосување на насилниците и казнување на нивните родители како тие да го сториле делото“, вели Vane Kalajdziev.
  • „Клас со стручен професор, да ги собере тие што создават проблеми, насилство, булинг, и да ги вршат обврските како што се чистење на тоилетите, ходниците, класовите, и надвор од школо, па да видиш после“, Tankosik Tanna GenTiana.
  • „Преку разговор низ работилници со презентации за родителите и за децата од стручни лица. Ако не делува позитивно казна со обврски во училиште“, пишува Gordana Pleskova.
  • „Прво да се воспитаат нивните родители кои најчесто им прават проблем на наставниците“, вели Biljana Saltirova
  • „Да се остават наставниците, па и учителките во градинките да си ја работат работата без некој да им диши во врат, а децата осилени да велат: ЗНАЕШ КОЈ СУМ ЈАС? ЌЕ МУ КАЖАМ НА ТАТКО МИ?, вели Marija Petrova
  • „Ефективни казни, а не “она е дете на мој пријател”, или “татко му е директор”… Ама тоа кај нас НИКОГАШ, а ни тогаш-за жал!!!“, пишува Бо Бан.
  • „Со промоција на љубовта, разбирањето и толеранцијата како највисока вредност“, пишува Zarko Jordanoski
  • „Можеби и со судско насилство над родителите!“, вели Aleksandar Kondev
  • „Со високи казни за родителите и децата“, вели Goce Bogdanovski.
  • „Прашањето треба да биде прво како родителите да се воспитаат па после децата, по цела ноќ децата возат скутери, викаат, урлаат, а родителите дома волна влечат не се заинтересирани за децата каде им се“, пишува Sali Demirovski.
  • „Преку воспитување на родителите. Децата само ги повторуваат дејствата на сопствените родители. Ако во семејството има агресија (напад, нервоза…) такво ќе биде и тоа, зашто друго не му е претставено како модел на однесување“, пишува Vasko Zlatkovski.
  • „Прво родителите во Поправен дом…!“, коментира Bale Serafimovski.
  • „Дома родителите на таквите деца нека остат телефоните од раце и швалерајот“, пишува Zlatko Janevski.
  • „Има много начини, но најдобро е родителски советувалиште барем еднаш месечно да се собират за совет?“, пишува Dimco Tomov.
  • „Со спроведување на вистинска казнена политика кон насилниците. Сите ученици денес свесно знаат дека нема да одговараат за било што да направат, или ако им изречат некаква мерка, тато одма “врти“ телефони кај највисоки структури во партија (оти насилниците се 90% деца чии што родители имаат некакво влијание) и тука се затвара кругот, а веќе наредниот ден се почнува нов. Многу е едноставно решението: Поправен дом и за „татините“ и за „не татините“ деца насилници и 6 месеци најмалку, без право на користење на телефон. Сами потоа ќе се променат“, вели Ljupco Gjorgjijev.
  • „Наместо во телефоните, возрасните да гледаат во децата“, вели Suzana Filik.
  • „Да се казнуваат родителите што немаат време за своите деца да ги воспитат“, вели Smiljana Duzlevska
  • „Прво треба да се спречи насилството помеѓу родителите кои ги напаѓаат наставниците, со високи парични казни макар и затвор 3-6 месеци, па нека се силат учениците потоа…“. вели Tajfun Zejnula.
  • „Домашна работа, домашно воспитување“, вели Ljupco Drakulovski
  • „Комплексен проблем кој не може да се реши без проект во кој ќе бидат вклучени партиите, медиумите, новинарите, владата…“, вели Ljupco Anusev.
  • „Глоба за родителите и за детето и се ќе биде во ред“, пишува Macolla Asani

Имаше и такви коментари кои сметаат дека треба како во турско време, дома „да заигра камшикот и каишот“ и така децата ќе дојдат во ред.

Д. М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ