ЗОРАН ИВАНОВ
Од утрово доста бучно забревтаа медиумиве и овде и во регионов со главната вест за македонско доброутро според чија содржина, на маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк, по овдешно време таму ноќеска, министрите за надворшни на ЕУ го пресекле учкурот со кој нашата популистички и инаетлива политика, овој наш западен сосед неправедно и предолго го држевме врзан за нас и тој закотвен овде на каливлиов Балкан па, ноќеска, на ЕУ ѝ пукнал филмот, си го оттргна нашиот сосед од нас тој слободно да си зачекори по развојниот европски пат, а ние, ние нели, кажано и во оваа една реченица, гордо да си продолжиме да си се препелкаме во ова наше македонско коруптивно котле за кое од далечниот Њујорк ноќеска ЕУ реши: Албанија напред – Македонија остав.