• Latest

Лавина реакции на социјалните мрежи за одвојувањето на Албанија од Северна Македонија на патот кон ЕУ

September 27, 2024

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ

Лавина реакции на социјалните мрежи за одвојувањето на Албанија од Северна Македонија на патот кон ЕУ

September 27, 2024 14:18
in ВЕСТИ, МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Лавина реакции на социјалните мрежи откако на средбата на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ во Брисел, се потврди она што одамна беше најавувано, се разделуваат Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ. Албанија ги почнува преговорите за членство во ЕУ на 15 октомври, со отварањето на првиот кластер „Темелни вредности“ на меѓувладината конференција меѓу ЕУ и Албанија што ќе се одржи во Луксембург. Северна Македонија останува во чекалната.

Ви пренесуваме дел од реакциите:

„Во борба, во борба, македонски народе, нема друго, тоа што го исравте во последните десет години јадејки ја помијата на вмро, посебно на изборите, морате да си го соберете и закопате во сопствените дворови. Потоа, со чист г’з, во напад на говњарите што од вас направија магариња, мајмуни и идиоти.

Или уште сте разочарани од Шарената?

Хехехе!

Тоа беше единствен политички граѓански подвиг на луѓето кои до скоро беа обликувани како нација, а денеска не се ништо.

Патиштата со Албанија можат да ни се вкрстат само ако се иселиме во Албанија или ако станеме Албанија односно ако го оставиме Мицко сам да ги брани националните интереси на државата што ја уби.

Граѓанска непослушност, анархистички имдувидуализам, децентрализација, презир кон говњарската власт, протести, мирни и насилни и на крајот:

Револуција!

Тоа е, драги мои!“, пишува Бранко Тричковски.

*

Инвестиција во Пустец, од денес тоа изгледа многу перспективно за нас граѓаните на новата Белорусија на Западен Балкан, пишува Џељал Хоџиќ.

*

Од утрово доста бучно забревтаа медиумиве и овде и во регионов со главната вест за македонско доброутро според чија содржина, на маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк, по овдешно време таму ноќеска, министрите за надворшни на ЕУ го пресекле учкурот со кој нашата популистички и инаетлива политика, овој наш западен сосед неправедно и предолго го држевме врзан за нас и тој закотвен овде на каливлиов Балкан па, ноќеска, на ЕУ ѝ пукнал филмот, си го оттргна нашиот сосед од нас тој слободно да си зачекори по развојниот европски пат, а ние, ние нели, кажано и во оваа една реченица, гордо да си продолжиме да си се препелкаме во ова наше македонско коруптивно котле за кое од далечниот Њујорк ноќеска ЕУ реши: Албанија напред – Македонија остав, пишува Зоран Иванов.

*

Пред некој ден Бозо беше во Брисел да им го објасни „планот“ на Европјаните односно да ја сподели фрустрацијата, дека го боли, дека го пече. Се враќа од Брисел и Европјаните велат океј Албанија се одвојува од Македонија во процесот, пишува Sveste tese@sveste_tese.

*

Нови услови за влез во ЕУ во најава! Бевме на исто скалило со Хрватска. Сега не сме ни со Албанија. Глуп народ и дефинитивно. Велам браво, простаци вмровски и неутрала!, пишува deni_sum_jas@DeniLazeski

*

Веста дека Албанија и официјално ја претрка Македонија на европскиот пат, Премиерот на нашата земја ја дочека скромно, во друштво на најблиските. Со Орбан, пишува Гласна.@Bosonogata.

Поддршка за Мицкоски за „неприфаќањето диктат од ЕУ“

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека не прифаќам диктат и на Албанија и посака успех, со надеж дека „можеби еден ден нашите патишта повторно ќе се сретнат на траекторија кон членството во ЕУ“.

Ваквата изјава на премиерот наиде на воодушевување кај партиските подржувачи.

„Тоа е тоа, доста беше промената на името на државата! Гази си премиере“, пишува Северџан #НикогашСеверна.
*
„А, кај прочитавте дека Албанија “ќе стане членка на ЕУ”, пишува Мaрга@MKDProLet.
*

„Ова што нѐ одделија од Албанија е супер, сега може да ги гледате како ги д**** како Турците и никогаш нема да влезат. Ние треба да си ја оправиме државата сами, пупка судството да се искорени и Црпевци во затвор и конфискација на имот!, пишува @cherga_omnes.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ