• Latest
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

100 дена Влада, 100 дена скандали, 100 дена порази

September 30, 2024

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
Фото: ФБ Мицкоски

Полицијата повика неколку лица на информативен разговор за националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово

August 4, 2025
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

August 4, 2025

Десет дена и илјада потписи за Зелен Хуман Град да стане политичка партија

August 4, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Главната порака ќе им ја испратиме во октомври – им порачаа граѓаните на властите

August 4, 2025
Хамас објави видео снимка од заложникот Евјатар Давид, кој е во очајна состојба. Фото: Скринчот од видео на Guardian News

Светските лидери ги осудуваат објавените видеа од изгладнетите израелски заложници во Газа, додека Црвениот крст бара пристап до нив

August 4, 2025

Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободил во вратот, стомакот и надлактицата

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно ги прикажува последиците од нападот со украински дрон врз железничката станица Арчеда во градот Фролово во руската Волгоградска област преку ноќ на 4 август  Фото: Х

Масивен украински напад со дронови ја таргетираше руската железничка станица во Волгоградската област

August 4, 2025

Над 8 милјарди тони пластика го загадува светот, помалку од 10 отсто се рециклира

August 4, 2025
Aleksandar Vucic/Milorad Dodik
Source> Wikipedia

Вучиќ одбива да ја признае пресудата против Додик: Србија повторно против меѓународната заедница

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

100 дена Влада, 100 дена скандали, 100 дена порази

September 30, 2024 16:37
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

100 дена влада 1 милијарда задолжување. Ова се пари кои оваа влада ќе ги позајми за одржување на ликвидност, затоа што економијата пропаѓа од нивните лоши политики. 100 дена влада, 100 дена порази. 100 дена влада, 100% поскап леб, брашно, зејтин, 70% поскапи горива, 30% поскапа струја, 15% поскапо парно греење, а платите не се зголемија ниту еднаш. Ова иако звучи како да е напишано денес, всушност е реакција од 2022 година на Центарот за комуникации на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ на стоте дена од владеењето на Владата на СДСМ и ДУИ, предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски.

Уште се додава дека предводникот на тогашната коалициска влада, СДСМ, на земјава и донел 5 години лаги дека само што не сме добиле датум за преговори, 5 години разочарувања и обезличувања.

Од сегашна гледна точка, излегува дека Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, уште пред две години си го напишал епитафот за нивните 100 дена од владеењето.

Сепак, главната вест што ги одбележа првите 100 дена од владеењето на ВМРО ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, колку и да се труди пропагандната машинерија на ВМРО – ДПМНЕ, слепо следена од партнерите ВЛЕН и ЗНАМ да ја префрли одговорноста на претходната гарнитура, е всушност најновиот надворешно политички дебакл на владејачката коалиција со одвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија на патот кон интеграција во Европската Унија, и враќањето на неизвесноста за почеток на преговорите за влез на земјава во ЕУ.

Во однос на надворешната политика, Северна Македонија во овие 100 дена предводена од премиерот Мицкоски не направи исчекор напред, напротив, таа назадува. Владата нема никаков сериозен пристап кон очекуваните уставни измени, од кои зависи процесот на интеграција на земјата во ЕУ. Предходниот договорот со Бугарија, актуелната влада го оспорува, нарекувајќи го „бугарски диктат“и бара да се промени, за што во Бугарија, како и кај европските земји, постои расположение. Иако пред изборите уставните измени беа услов за влез во Владата на албанските партии, по што ВЛЕН влезе во Владата со услов  да се постигне ова во рок од 6 месеци,  сега нема сигнали дека истите во скоро време ќе бидат воопшто ставени на дневен ред. Во меѓувреме, ЕУ одлучи да ги отвори преговорите само со Албанија, додека за условите дадени на Северна Македонија, Мицкоски рече НЕ, благодарам, сега веќе нарекувајќи го европски диктат договорот со Бугарија како услов за почток на преговорите, откако неговата идеја за „француски предлог плус“- уставни измени со одложена примена, не наиде на одобрување во Брисел.

Дополнително, непочитувањето на употребата на уставното име Северна Македонија од страна на новата власт  во земјата, долеа бензин на огнот на спорот со Атина, за кои се сметаше дека со предходната влада е изгаснат. Со доаѓањето на власт, ВМРО ДПМНЕ во неколку наврати одбиваше да го користи новото име на земјата, што го налути јужниот сосед, по што грчките власти повторно се заканија со блокада на патот на европската интеграција,  кое, поразително за власта, наиде на одобрување во ЕУ.

Дополнително, прст во око на ЕУ, владејачката партија и брцна и со изборот на Виктор Орбан, познат кочничар на европската политичка агенда, за стратешки партнер, земајќи заем од 500 милиони евра од Унгарија, средства за кои се тврдеше дека Унгарија го зела од Кина.

Првите 100 дена од владата на Мицкоски изобилуваше и со дипломатски гафови и скандали. Иако имаше обид скандалот со неистакнувањето на знамето при посетата на Бугарија целосно се префрли на претседателката Силјановска Давкова ( исто така кандидат за ВМРО-ДПМНЕ) и нејзинината служба за протокол, сепак учеството на владините функционери не беше занемарливо, и не можеше лесно да се сокрие. Во посета на Софија беше поголема делагација владини министри, речиси сите од ВМРО – ДПМНЕ, а македонското знаме не беше истакната ниту на средбата на македонскиот министер за култура, Зоран Љутков ( кој во анкетниот лист пријави дека поседува имот во Бугарија) со неговиот бугарски колега, нешто што пропагандната машинерија на ВМРО ДПМНЕ и закедонските медиуми се обидоа да го заташкаат. Исто како и учеството во скандалот на министерот за надворешни раоти, за кого ќе се испостави дека и предходно бил учесник во сличен таков скандал, со неистакнување на државното знаме на средбата на премиерот Мицкоски со хрватскиот претседател, што излезе на виделина благодарение на случката во Бугарија.

На скандалите со знамињата му предхоходеше она што опозицискит ДУИ и АА го нарекоа дипломатски скандал и провокација против Република Косово, кога на скопскиот Аеродром се случија немили сцени при чекирањето на косовската претседателка пред лет, при што беше инволвирано и обезбедувањето на собранискиот спикер од редовите на ВЛЕН.

Дека ќе има турбулентна надворешна политика, можеше да се насети уште при патувањето на владината делегација во Вашингтон, на Самитот на НАТО ( Мицкоски беше голем противник на зачленувањето на земјава во НАТО), проширена со близок член на семејството на премиерот, кој си се почастил со билет во бизнис класа. Додека за трошењето буџетски средства за луксузирање во бизнис класа премиерот се правдаше со болки во колената, за приклучувањето на неговиот постар син на патувањето, од владината  служба тврдеа дека самиот си го платил патувањето иако, и покрај повиците, не излегоа со документи и докази кои ќе го потврдат тврдњето.

Кога сме веќе кај надворешната политика и САД, да напоменеме дека само по неколку дена од доаѓањето на власт, Министерството за надворшени работи (МНР) и новиот шеф на диломтијата започнаа хајка против македонскиот амбасадор во Обединетите Нации (ОН), Љубомир Фрчкоски, обвинувајќи го за наводни неправилности во неговото амбасадорување, без да дадат подетални информации, дека со информациите дека тој правел финансиски малверзации како амбасадор. Амбасадорот по ова се повлече од функцијата нарекувајќи ги постапките на МНР срамни и мизерни.

И иако, барем декларативно, по првите 100 дена Владата и македонското МНР ја продолжуваат поддршката за Украина, се чини дека иглата на компасот на надворешната политика покажува кон Исток, Северо-исток.


Текстот е личен став на авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: 100 дена владаВЛЕНВМРО - ДПМНЕзнамеинтеграцииХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободил во вратот, стомакот и надлактицата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ