• Latest
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

(ЕКСКЛУЗИВНО) Фатмир Битиќи: Сто дена Влада и исто толку пропуштени можности

September 30, 2024

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

(ЕКСКЛУЗИВНО) Фатмир Битиќи: Сто дена Влада и исто толку пропуштени можности

September 30, 2024 18:47
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Фатмир Битиќи, експерт за економија и развој, поранешен вицепремиер за економски прашања во ексклузивно интервју за ЦивилМедиа говори за клучните аспекти на првите 100 ДЕНА ВЛАДА. Директен и јасен како и секогаш, Битиќи го критикува застојот во евроинтеграциските процеси и посочи дека владата покажа економска неодговорност и неспособност. Тоа што овие денови, се чини, најмалку се анализира во јавниот и политичкиот дискурс, а претставува основа на стабилноста на земјата – општествената кохезија – нашиот соговорник прецизно и со факти го посочува како уште една област во која се бележи алармантно  назадување. На самиот почеток од интервјуто, Битиќи вели дека во овие 100 дена влада има исто толку пропуштени можности.

ЦИВИЛ МЕДИА: Гледано во целина, како ја оценувате работата на владата во првите сто дена?

ФАТМИР БИТИЌИ: Сто дена Влада и исто толку пропуштени можности. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека, и покрај изборната реторика што ја имаа, немаат ниту план ниту капацитет да одговори на вистинските потреби на граѓаните и на земјата. Наместо ветените промени и придвижување на евроинтегративниот процес, добивме исти манипулации и неуспеси како во минатото. Сведоци сме на заглавување на државата и опасно оддалечување од патот кон Европската Унија. Оваа Влада продолжува да ги носи старите штетни политики кои ја загрозуваат иднината на Македонија на меѓународната сцена, оставајќи ги граѓаните без јасна перспектива и визија.

Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ МЕДИА: Партијата што ја предводи владејачката коалиција безброј пати во изборната кампања говореше за економијата, стопанството, развојот… Како ќе ја оцените работата на владата на Мицкоски од аспект на економските политики?

БИТИЌИ: Владата покажа тотална економска неодговорност и неспособност. Падот на просечната плата е јасен показател за тоа како економските политики на оваа влада влијаат негативно врз стандардот на граѓаните. Мицкоски во четири очи се задолжи за 500 милиони евра во Унгарија, криејќи ги деталите од јавноста и создавајќи долг што граѓаните ќе го плаќаат со генерации. Истовремено, скратени се средствата за поддршка на домашните претпријатија, а повратот на ДДВ почна да доцни – истата погубна практика која ја користеа и од 2006 до 2017 година, кога стопанството беше на колена. Сето ова укажува дека наместо економска стабилност и развој, граѓаните се соочуваат со економска стагнација и долгови, додека власта се занимава со нетранспарентни финансиски зделки и популистички мерки без реален ефект.

ЦИВИЛ МЕДИА: Значи, според Вас, владата во првите сто дена ја враќа земјата назад?

БИТИЌИ: За само 100 дена успеа да ја врати државата неколку години наназад – потопени во долгови, заглавени во економска стагнација и со опасно оддалечување од Европската Унија. Ова не се само промашени 100 дена – ова е премиера на катастрофа во најава!

ЦИВИЛ МЕДИА: Еден од столбовите на стабилноста и политичкиот систем е општествената кохезија или, подиректно, меѓуетничките односи. Дали барем во оваа област има позитивен развој или барем задржување на претходните достигнувања во оваа област?  

БИТИЌИ: Општествениот консензус е разјаден, предизборно најавуваа дека ќе го постигнат, но тргнаа по друга опасна патека на поларизација. Наместо да градат доверба и да создаваат сплотено општество, нивната политика е насочена кон разгорување на тензии и поделби, правејќи ги различностите извор на политички манипулации. Во изминатите 100 дена, се случија два силни удари врз општествената кохезија. Првиот удар е отворањето на постапка за уставноста на Законот за употреба на јазиците, со што се доведува во прашање правото на користење на сопствениот јазик на заедниците, кој беше еден од основните столбови на градење на инклузивно општество. Вториот удар е проблематизирањето на системскиот механизам за заштита од мајоризација, односно „балансерот“ за правична етничка застапеност во државната администрација, со што директно се загрозува фер претставеноста на сите заедници.

Џ. Дерала

Tags: 100 дена влададдвекономијамеѓуетнички односиопштествена кохезијаразвојстопанство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ