• Latest
Фото: Скриншот

Израел започна „ограничена“ копнена офанзива против Хезболах во јужен Либан

October 1, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО ГАЗА

Израел започна „ограничена“ копнена офанзива против Хезболах во јужен Либан

October 1, 2024 09:19
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО ГАЗА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Израел започна нова фаза од војната против Хезболах додека израелските одбранбени сили тргнаа на копнен упад во јужен Либан, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на прес-службата на ИД.

„ИД пред неколку часа започна целна и ограничена копнена операција во областа на јужен Либан против терористички цели и инфраструктури на терористичката организација Хезболах, во голем број села во близина на границата, кои претставуваат непосредна и реална закана за израелските населби. на северната граница“, се вели во соопштението објавено рано во вторник по локално време.

Целите во јужниот дел на Либан претставуваат „непосредна закана за израелските заедници“, велат од ИД според Би-би-си

Во меѓувреме, израелските воздушни напади продолжуваат – ИД соопшти дека го погодил Бејрут, додека официјални лица во Либан велат дека била погодена зграда во палестински бегалски камп во близина на Сидон

Во понеделникот, заменик-лидерот на Хезболах Наим Касем изјави дека групата е подготвена за израелска копнена офанзива и дека битката „може да биде долга“.

Во Либан, властите велат дека повеќе од 1.000 луѓе биле убиени во изминатите две недели, додека до еден милион сега може да бидат раселени.

Министерството за здравство на Либан соопшти дека во вчерашните израелски напади загинале вкупно 95 луѓе, а повредени се 172 лица.

Претходно, според „Тајмс оф Израел“, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант им рекол на градоначалниците на северните градови дека „наскоро ќе започне следната фаза од војната против Хезболах“.

„Тоа ќе биде значаен фактор за промена на безбедносната ситуација и ќе ни овозможи да ја завршиме важната [мисија] за враќање на жителите во нивните домови“, рекол министерот.

Според израелската војска, шефот на Северната команда, генерал-мајор Ори Гордин, неодамна одобрил тактички борбени планови со офицерите кои би биле вклучени во копнената операција.

Како што беше наведено, во понеделникот вечерта либанските војници се повлекоа најмалку пет километри од границата.

Кон полноќ на социјалните платформи и во некои арапски медиуми се појавија извештаи дека израелските единици веќе ја преминале границата.

Израелските медиуми наведуваат дека со оглед на притисокот од САД, копнената операција ќе биде ограничена по обем и ќе има за цел да ја разбие елитната единица Радван на Хезболах во пограничниот регион, но не и да ја задржи територијата на долг временски период.

По завршувањето на борбите, ИД ќе мора да го спроведе договорот за прекин на огнот и да го спречи Хезболах повторно да го воспостави своето присуство во близина на израелските погранични градови.

Како што пренесува Би-би-си, во изминатите половина час, арапскиот портпарол на израелските одбранбени сили Авичај Адраи изјави дека Хезболах го користи цивилното население како штит за да изврши напади во јужен Либан.

Предупредувајќи дека се случуваат „жестоки судири“ во јужен Либан, тој ги предупредува либанските цивили да не користат возила за да патуваат на југ преку реката Литани, која тече од исток кон запад околу 20 милји северно од границата меѓу Израел и Либан.

Белата куќа смета дека копнената операција на Израел во јужен Либан е во согласност со правото на земјата да се брани од заканите од терористичките групи.

„Разбираме дека Израелците ќе спроведат ограничени операции за уништување на инфраструктурата на Хезболах што може да се користи за закана за израелските граѓани. Ова е во согласност со правото на Израел да ги брани своите граѓани и безбедно да ги враќа цивилите во нивните домови“, изјави доцна во понеделникот портпаролот на Советот за национална безбедност. Го поддржуваме правото на Израел да се брани од Хезболах и од сите терористички групи поддржани од Иран“.

Но, во продолжение портпаролот предупреди:

„Се разбира, знаеме дека одвивањето на мисијата може да биде ризик и ќе продолжиме да разговараме за тоа со Израелците“.

Драган Мишев

 

Tags: ИзраелЛибанХезболах
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ