• Latest

Можни големи промени во владата на Мицкоски: Се спрема ли милитаризација на врвот на Министерството за одбрана?

October 3, 2024
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025

Хоџиќ: Да се обединиме околу демократијата и да се вратиме на патот кон ЕУ – државата оди во опасен правец

October 24, 2025

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025
Фото: wikimedia commons

Санкциите на Трамп се „шок“ за Москва, можат да им нанесат „сериозен удар“ на нафтените гиганти

October 24, 2025

Додик повеќе не е претседател на Република Српска – пораз или победа на неговата политика?

October 24, 2025

ЕУ ги оцени локалните избори во Северна Македонија како конкурентни, но во високо поларизирачки политички амбиент

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Стармер врши притисок врз сојузниците за ракети со долг дострел за Украина

October 24, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина и Индија го ограничуваат купувањето руска нафта откако Трамп воведе санкции за Роснефт и Лукоил

October 24, 2025
Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

Трамп ги прекинува трговските преговори со Канада поради реклама

October 24, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Можни големи промени во владата на Мицкоски: Се спрема ли милитаризација на врвот на Министерството за одбрана?

Откриваат анонимни извори за ЦивилМедиа

October 3, 2024 10:42
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Дали се спрема првата посериозна промена во владата на Христијан Мицкоски, само 100 дена откако ја воспостави? Неофицијални извори во владата, кои побараа да останат анонимни, откриваат дека веќе во ноември се планира првата реконструкција во владата на Мицкоски, вклучувајќи и смена на врвот во Министерството за одбрана.

Според изворите, како најсериозен кандидат за нов министер за одбрана се споменува Драган Ковачки, кој во ноември го исполнува законскиот услов да биде носител на извршна функција во Владата. Ова наметнува едно алармантно прашање – дали е во најава милитаризација на ова министерство, имајќи предвид дека Ковачки, пред да стане пратеник во парламентот, беше активен армиски офицер со чин полковник.

Доколку се случи, назначувањето на Ковачки на највисоката функција во Министерството за одбрана ќе значи напуштање на демократската пракса за цивилна контрола врз вооружените сили, што е невообичаено, без оглед на тоа што законското ограничување веќе не важи. Тоа ќе претставува преседан во една земја членка на НАТО, воено политички сојуз каде што највисоката функција генерален секретар ја извршува цивилно лице, додека воените лица се тие што командуваат со оружените сили.

Што ќе се случи со актуелниот министер Владо Мисајловски? Според засега непотврдените информации од нашите извори, актуелниот министер Мисајловски ќе биде назначен за амбасадор во ООН на местото на проф. д-р Љубомир Фрчкоски. Испаѓа дека тој само ја греел министерската фотелја на својот партиски колега, додека истече законскиот рок на забраната за униформирани лица да извршуваат владини функции. Ако се сеќавате, Ковачки беше понуден како министер за внатрешни работи во преодната (пржинска) влада пред парламентарните избори во мај, што на крајот не се случи, меѓу другото, и заради законските пречки, па беше назначен адвокатот на Мицкоски, Панче Тошковски.

Дали се работи само за калкулации околу нови кадровски решенија и кога точно ќе се направат тие промени, не е познато. Не е познато ниту кои партии се во комбинација и што ќе произлезе од интензивната меѓупартиска комуникација што се одвива зад кулисите. Во секој случај, невообичаени се промени во врвот на едно исклучително значаен ресор како што е одбраната, на самиот почеток од мандатот на владата, а уште повеќе ако висок армиски офицер е во таа комбинација.

Но тоа не единствениот „куриозитет“ што се врзува со името Драган Ковачки. Да се потсетиме на само неколку од „славните“ епизоди на Ковачки на јавната и политичката сцена во земјата. Јавноста се сеќава дека полковникот Ковачки уште додека носеше војничка униформа беше исклучително ревносен војник, но не на Армијата, туку на ВМРО-ДПМНЕ. По интензивниот партиски ангажман за време на својата служба како висок офицер во Армијата, тој на крајот немаше избор, па ја симна војничката униформа и ја замени со партиско-политички функции.

За време на својата служба во Армијата, Ковачки повеќе пати „се истакна“ со дрски напади и јавна дискредитација на првите луѓе на Министерството за одбрана, поранешните министерки за одбрана, Радмила Шекеринска и Славјанка Петровска. Тој не се воздржа ниту од напади кон своите колеги под униформа – упати закани и до началникот на Генералштабот, генерал Васко Ѓурчиновски, во која меѓу другото напишал и „долга е раката на ВМРО“. За заканите против ген. Ѓурчиновски, тој беше јавно опоменат и казнет од министерката Шекеринска. Не треба да се изостави и тоа дека Ковачки изгуби судски спор со Петровска по серијата навреди и клевети изнесени против неа во јавноста.

Во неколку наврати, Ковачки стаса и во извештаите на ЦИВИЛ Мониторинг тимот, поради ширење дезинформации. Во една прилика, тој нервозно му возврати на ЦИВИЛ нарекувајќи ги „Џабирите“, но само откако ја избриша фотографијата и лажните вести за министерскиот совет на ОБСЕ што се одржа во Скопје мината година. Своевремено, А1он објави допис од НАТО според кој Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, нешто што остана нерасчистено во јавноста, иако тој тврдеше дека тоа е неточно.

Своевремено, СДСМ преку прес конференција, јавно постави прашање каква улога имал Ковачки во насилните антиевропски протести во јули 2022, во кои беше идентификувано силно влијание од руските инсталации во земјата

Ковачки ја вознемири јавноста ширејќи шпекулации на социјалните мрежи за наводно нелегално присуство на полициски службеници од Косово, кои всушност дојдоа да помагаат во потрагата по возилото од Косово кое падна во реката Лепенец при што загинаа три лица, соработка што е претходно регулирана со меморандум за соработка.

Но најважно од сѐ во оваа сторија е неофицијално најавената можност висок армиски офицер да води министерство. Тоа е во суштина спротивно на демократските принципи. „Легалистичкиот“ пристап во овој случај е манипулативен и може да се опише со изразот недемократски процедурализам со кој проф. Фрчкоски ги опиша практиките на режимот на Груевски во колумната „Пастријада“ во порталот Либертас.

Треба да се земе предвид дека анонимните извори можат да откријат само дел од маневрите што се подготвуваат во владата. Вистинските намери и последиците од овие промени, особено во Министерството за одбрана, ќе станат јасни со тек на времето, но историјата на Ковачки остава сомнеж – дали овие рокади навистина се за доброто на земјата или ќе останат само продолжение на политичките сметки и пресметки, добро познати од минатото и својствени за партијата што сега е на власт.


Текстот се потпира врз информации што ги откриваат владини извори кои од новинарот побараа да останат анонимни. Останатите информации и линкови се од веќе објавени содржини. Ставовите изнесени во текстот се на Авторот.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Владо МисајловскиДраган КовачкимилитаризацијаодбранареконструкцијаХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ