• Latest

Трендафилов: Работниците очекуваат пораст на платите со забрзано темпо

October 10, 2024
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Трендафилов: Работниците очекуваат пораст на платите со забрзано темпо

October 10, 2024 18:10
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Сојузот на синдикати на Макеоднија (ССМ), Слободан Трендафилов во изјава за медиумите нагласи дека на денешната контитутивна седница на Економско-социјалниот совет ги истакнале нивните главни очекувања и барања од новата Влада. Потенцира дека на седницата договориле зачестени средби на седниците на Економско-социјалниот совет на кои, како што рече, ќе ги дискутираат сите битни прашања.

Како што потенцира Трендафилов, на претставниците на Владата им пренеле дека работниците очекуваат пораст на платите со забрзано темпо. Додека, пак, на претставниците на работодавачите од приватниот сектор им укажале дека потпишувањето на Општиот колективен договор за приватниот сектор е неопходно да се случи што е можно побрзо зашто веќе е започнат дијалог.

-Сметам дека тоа што го дискутиравме денеска на седницата на Економско-социјалниот совет би требало да даде резултати во многу скоро време, имајќи во предвид дека во подготовка е и буџетот за наредната година за што добивме уверување дека штом ги помине филтрите ќе седнеме на заедничка маса да го погледнеме и да ги видиме можностите на државата. Без оглед на тоа, социјалниот дијалог, седниците на Економско-социјалниот совет, треба да бидат местото каде што заеднички ќе ги градиме ставовите. Ние ќе ги кажеме нашите барања и очекувања, ќе ги видиме нивните можности и на крај ќе дојдеме до некакви решенија кои ќе значат добро за работниците, помош за работодавачите и на крајот просперитет на државата. Ние како претставници на работниците очекувавме оваа седница на Економско-социјалниот совет да се случи порано, меѓутоа сметам дека зачестените седници кои веќе ги најавија владините претставници ќе надоместат за времето кое ги загубивме и сметаме дека таа можност ќе ни овозможи нам да ги доближиме ставовите со Организацијата на работодавачи како единствено репрезентативно организација и претставник на работодавачите со Владата и ССМ како единствен репрезентативен синдикат во државата, рече Трендафилов.

Тој смета дека аргументите за растот на платите се на нивна страна, имајќи во предвид, како што рече, дека синдикалната минимална кошничка веќе е 1.000 евра и оти платите на граѓаните во државите во нашето опкружување растат со забрзано темпо. Смета дека со аргументите кои очекуваат да ги соочат на првата наредна седница ќе успеат да го постигнат тоа што сите страни го очекуваат.

Одговарајќи на новинарско прашање дали тоа значи дека има позитивни сигнали за некакво покачување на минималната плата пред законското усогласување во март, Трендафилов кажа дека очекува сериозно да се разгледуваат сите информации и да се преземаат мерки за да остане во земјава квалификуваниот работен кадар.

-Нашите очекувања се дека треба навистина да седнеме сериозно да ги разгледуваме сите информации кои ги имаме ние но ги има и државата и работодавачите. Свесни сме дека работниците со забрзано темпо се иселуваат и сите сме согласни дека многу ретко се враќаат. Треба да се потрудиме сите заедно преку растот на платите, преку подобрување на животниот стандард да направиме сериозен исчекор кој ќе овозможи останување на квалификуваниот работен кадар во Македонија, како и враќање на оние луѓе кои заминале од земјава, особено поради ниските плати, рече Трендафилов.

Фото: Принтскрин од видео

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ