• Latest

Украинската амбасадорка Дир: Егзекуциите и тортурата на украинските воени и цивилни заробеници се воени злосторства на рф

October 13, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинската амбасадорка Дир: Егзекуциите и тортурата на украинските воени и цивилни заробеници се воени злосторства на рф

Ден 963 од руската агресија со големи размери

October 13, 2024 15:38
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Луѓето отсекогаш користеле насилство за да ги решат споровите, и сите култури низ вековите верувале дека мора да има ограничувања за тоа насилство ако сакаме да спречиме војните да преминат во варварство. На пример, постојат правила кои ги штитат оние што не учествуваат во војните, затворениците и ранетите. Овие правила се утврдени во меѓународното хуманитарно право. Да, дури и војните имаат граници, пишува на веб страницата на Меѓунаротниот комитет на Црверниот Крст, во делот каде што се објавени Женевските конвенции што се дел од меѓународното право кон кое се обврзани сите држави во светот.

Во контекст на бруталните воени злосторства што ги извршува рускиот агресор во Украина, денешната објава на Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, напиша дека „егзекуциите и тортурата на украинските воени и цивилни заробеници се воени злосторства на рф“. Со своите секојдневни објави на социјалните мрежи, украинската амбасадорка води своевиден дневник на војната со големи размери што рускиот агресор ја води против Украина, а започна на 23 февруари 2022 година. Денеска е ден 963 од руската агресија со големи размери.

„Ден 963. Егзекуциите и тортурата на украинските воени и цивилни заробеници се воени злосторства на рф. Женевските конвенции се прекршени од рф. Повелбата на ОН е прекршена од рф. Меѓународниот притисок врз рф ќе помогне да се спасат животите на оние кои се во руско заробеништво“, напиша амбасадорката Дир, пренесува ЦивилМедиа.

Ден 963. Егзекуциите и тортурата на украинските воени и цивилни заробеници се воени злосторства на рф.
Женевските конвенции се прекршени од рф.
Повелбата на ОН е прекршена од рф.
Меѓународниот притисок врз рф ќе помогне да се спасат животите на оние кои се во руско заробеништво. pic.twitter.com/nxU6XIHFxK

— Larysa Dir (@dir_larysa) October 13, 2024

Русија изврши 137.000 воени злосторства во Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски на конференцијата Обединети за правда во Киев на 11 септември.

Воените злосторства вклучуваат дела како што се намерни напади врз цивили, напади врз објекти на културата и културното наследство, здравствени установи, тортура и депортации.

Подготви: Џ. Д.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ