• Latest

МОДЕМ: Главна цел на вестите на Сител, Канал 5, ТВ Нова и Алфа е промоција на ВМРО-ДПМНЕ

February 13, 2017

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МОДЕМ: Главна цел на вестите на Сител, Канал 5, ТВ Нова и Алфа е промоција на ВМРО-ДПМНЕ

February 13, 2017 13:09
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Постизборните преговори за формирање влада, редовната работа на државните и на јавните институции, работата на Специјалното јавно обвинителство, промоција на проекти и мерки на Владата и на другите институции, активности на јавните функционери, вклучувајќи протоколарни активности и решавање тековни прашања и т.н. „процес на десоросоизација“, се темите за кои известуваа дванаесетте телевизии со национална концесија, чија работа е дел од анализата на извештајот на Институт за комуникациски студии – МОДЕМ. 

„Откако заврши предизборниот период од 100 дена, во кој имаше посебни правила за медиумите, договорени во Пржино, најголемиот број телевизии се вратија на својата стандардна уредувачка политика“, ова е заклучокот од последниот извештај на МОДЕМ што се однесува на медиумските содржини, емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во периодот од 16 до 20 и од 23 до 27 јануари.

„Кај телевизиите, како Сител, Канал 5, ТВ Нова и Алфа забележителен е дисбаланс во однос на бројот прилози во кои како субјект се појавуваат двете најголеми политички партии. Вестите на овие четири телевизии пов- орно наликуваат на гласила чија главна цел е промовирање на позициите и на активностите на партијата ВМРО-ДПМНЕ во врска со различни прашања. Известувањето за владејачката партија, наспроти опозицијата, доминираше и на телевизиите 24 Вести, Телма , Алсат М и ТВ 21“, покажува анализата.

„Главната разлика меѓу двата медиумски ‘блока’, кога станува збор за известувањето за двата најголеми конкурентски политички блока, не се состои во квантитативниот сооднос меѓу информациите објавени во врска со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Кај телевизиите 24 Вести, Алсат М, Телма и ТВ 21 критички се опсервираа вкупно 127 информации во врска со политиките на оваа партија. Од друга страна, кај телевизиите Алфа, Сител, Канал 5 и ТВ Нова известувањето во голем број случаи беше пропагандно и фаворизирачко. Поточно, се објавија вкупно 167 информации од таков карактер“, се вели во последниот извештај на МОДЕМ.

Покрај активностите на политичките партии, по изборите големо внимание во медиумите предизвика и работата на цивилното општество во државата. Нивните сознанија, анализи и мислења беа пренесувани во медиумите. Беа регистрирани и случаи кога невладини организации станувале цел на медиумски напади, кога нивните ставови се во спротивност со позициите на владејачката партија.

„Во овој мониториран период сето тоа доби систематизиран пристап, благодарение на т.н. процес на десоросоизација, што го најави ВМРО-ДПМНЕ. Во рамките на известувањето за овој процес, демонизирањето на граѓанскиот сектор зачести и доби повеќе острина на телевизиите ТВ Нова, Алфа, Канал 5 и Сител, кои заедно објаија вкупно 101 напаѓачка информација за невладините организации“, стои во анализата на работата на медиумите.

МОДЕМ се фокусира на набљудување на медиумските содржини и изработка на анализи кои треба да докажат дали постои корозирано медиумско известување кое го загрозува политичкиот плурализам во предизборниот и изборниот процес.

Tags: граѓански сектордемонизацијаМедиумиМОДЕМпропагандаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ