Вчерашниот ден го одбележа одлуката на претседателката за помилување на Екс-градоначалник, член на наркоклан, првообвинет во аферата „Шпион“… личности за кои изјави дека се навистина интересни во негативна смисла на зборот, признавајќи дека потпишувала што и подготвиле од комисијата, без да знае за кои лица се работи.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за празничните помилувања од претседателката Сиљановска Давкова?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа