• Latest

24 ЧАСА: Министерот Фетаи добил закана со куршум во глава; ЕУ и во наредните две години ќе и дава воена помош на Украина; НМСМ се повлекува од партнерството со Град Скопје

November 8, 2024
Фото: Скриншот

Стармер: Состанок во Лондон в понеделник за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Велика Британија

May 16, 2025
Фото: Х. Мицкоски/Фејсбук

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски изрази жалење за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Европските лидери од Тирана: Ставот на Русија во преговорите со Украина е неприфатлив

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Министерот Фетаи добил закана со куршум во глава; ЕУ и во наредните две години ќе и дава воена помош на Украина; НМСМ се повлекува од партнерството со Град Скопје

November 8, 2024 17:00
in ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Министерот Фетаи добил смртна закана – „куршум во глава шипо Фетаи“

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, на службениот мејл, добил порака со закана по животот. Информацијата ја објави тој на својот Фејсбук профил посочувајќи дека пораката стигнала по неговата изјава за отстранување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот.

„Денес, од европската престолнина Брисел, се чувствувам принуден да одговорам на заканата по мојот живот што ја добив во мојата официјална електронска пошта. Оваа закана дојде по мојата вчерашна изјава за отстранување на дефиницијата ’20 проценти’ за албанскиот јазик. Мејлот е насловен ‘куршум во глава за тебе шипо Фетаи’ и ја содржи оваа порака: ‘Нема да се сменат 20-те проценти, туку се шиптарско ќе ве убиеме со куршуми во глава. Да цркнете, мртов шиптар, добар шиптар, смрт за шиптари’“, напиша Фетаи на Фејсбук.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

НМСМ се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата за Европска младинска престолнина 2027 година

„Неуспехот да стапиме во контакт и на самиот почеток да воспоставиме одржливо партнерство само ни покажа дека градот не е суштински посветен на младите и кандидирањето за оваа титула не е мотивирано од вистинските потреба за поставување на младите високо на листата на приоритети. Овој заклучок дополнително ни се потврдува со фактот дека градот не покажа доволно посветеност за надминување на препреките за формирање на локален младински совет, усвојување на локална стратегија за млади, ниту пак отварање на младински центар, дел од механизмите кои се основа и на самата кандидатура за Европска младинска престолнина 2027“, пишува во соопшението.

РЕГИОН

Борел: ЕУ ги отфрла обидите за давање легитимитет на т.н. Турска Република Северен Кипар 

Европската унија ги отфрла постојаните обиди на Организацијата на туркофонските држави за давање легитимитет на „сецесионистичкиот ентитет на кипарските Турци“, т.н. меѓународно непризната Турска Република Северен Кипар, за време на нејзиниот последен Самит што се одржа во Бишкек, порача високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

СВЕТ

ЕУ ја продолжува мисијата за воена помош за Украина за уште две години

Советот на ЕУ објави дека го продолжува мандатот на Мисијата за воена помош во Украина за две години, до 15 ноември 2026 година, со доделен буџет од речиси 409 милиони евра. Мисијата се спроведува во земјите на ЕУ и е наменета за обука на украински војници.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за предлогот – укинување на ДДВ на храната?

СЛОБОДНА ЗОНА

ФОТО НА ДЕНОТ: Графитот „БУГАРИ ВО УСТАВ“- пред и потоа

Од неодамна, графитот „ БУГАРИ ВО УСТАВ Е ПРЕДАВСТВО“ кој пред изборите можеше да се види на кејот на Вардар, по изборите, со промената на власта, откако ВМРО-ДПМНЕ од опозициска стана владејачка партија, доживеа козметичка интервенција со што преку скратената содржина веќе испраќа и нова порака.

Со молерско- фарбарската мајсторија на непознати улични уметници, Бугари во устав веќе не е предавство.

*

„Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека на маргините на Европската политичка заедница во Будимпешта се сретнал со францускиот претседател Емануел Макрон за што како corpus delicti објави и фото под кое напиша дека со него остварил продуктивна средба и дека отворено разговарале за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ и во истиот тој еден пишан здив нам, на читачите на неговиот пост и на македонската јавност, онака ЕПП немушто ни појаснува дека е оптимист за нашата иднина и дека се борел, тој напиша се бориме за нашите аргументи и за вистината која е незаобиколива и дака ќе дале, тој напиша дадеме, сè од себе да ги зачуваме државните и националните интереси и толку, од празно, по празно и, вообичаено, пак недоречен и со обратен ефект осамна овој денешен пропаганден пост на премиерот во делот за тоа дали и што тоа, ако воопшто се впуштил во дијалог, му реплицирал Макрон па, кажано во една реченица, останува сомнежот дека средбата била монолог и дека Французинот само љубезно протоколарно позирал и дека му одговорил – ништо, пишува Зоран Иванов.

*

„Претседателскиот реизбор на Доналд Трамп не само што ја тресе американската политика – туку испраќа шок низ целиот свет, зголемувајќи ги заканите за демократските темели на Европа.

Никаде не се чувствува ова чувство на притисок повеќе отколку кај Ромите, како најголемо и најдискриминирано малцинство во Европа, чијашто кревка заштита виси на конец. Со САД кои се повлекуваат од својата историска улога како глобален заштитник на демократијата, Европа се соочува со клучен избор: да ја брани инклузивноста или да ризикува да поттикне стратешката ранливост која што би им овозможила на екстремистите од десницата и авторитаризмот да ги раскинат нејзините основни вредности“, пишува Менсур Халити во колумната „Претседателскиот реизбор на Трамп и иднината на ромската политика: Тест за демократскиот интегритет на Европа“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ