ЗОРАН ИВАНОВ
Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека на маргините на Европската политичка заедница во Будимпешта се сретнал со францускиот претседател Емануел Макрон за што како corpus delicti објави и фото под кое напиша дека со него остварил продуктивна средба и дека отворено разговарале за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ и во истиот тој еден пишан здив нам, на читачите на неговиот пост и на македонската јавност, онака ЕПП немушто ни појаснува дека е оптимист за нашата иднина и дека се борел, тој напиша се бориме за нашите аргументи и за вистината која е незаобиколива и дака ќе дале, тој напиша дадеме, сè од себе да ги зачуваме државните и националните интереси и толку, од празно, по празно и, вообичаено, пак недоречен и со обратен ефект осамна овој денешен пропаганден пост на премиерот во делот за тоа дали и што тоа, ако воопшто се впуштил во дијалог, му реплицирал Макрон па, кажано во една реченица, останува сомнежот дека средбата била монолог и дека Французинот само љубезно протоколарно позирал и дека му одговорил – ништо.