• Latest

24 ЧАСА: Се понебезбедно, трет обид за ликвидација на Раде Штекли; Тошковски најавува сурова битка со криминалците; Бајден му честиташе на Трамп на заедничката средба во Белата куќа

November 14, 2024
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Се понебезбедно, трет обид за ликвидација на Раде Штекли; Тошковски најавува сурова битка со криминалците; Бајден му честиташе на Трамп на заедничката средба во Белата куќа

November 14, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Од МВР информираат дека денеска во утринските часови била експлодирана бомба во двор во скопската населба Керамидница, при што беше повреден Раде Трајковски – Штекли.

„Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Ова е трет обид за негова ликвидација откако досега два пати во Ист Гејт пукале во него.

Од Јавното обвинителство информираа дека по наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видео надзорот на објектите и дека подигнатите траги од местото на настанот ќе бидат предмет на вештачење.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска, но, соодветно, одлучно и сурово како институции ќе одговориме на сите оние кои што го „реметат“ мирот на македонските граѓани, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со денешниот настан во кој експлозивна направа била фрлена во дворoт на Раде Трајковски – Штекли во скопска Керамидница.

РЕГИОН

Косовско обвинителство: Жртвите во Урошевац се нападнати поради тоа дека се Роми, Ашкалии, Египќани (РАЕ)

Основното обвинителство во Урошевац, Одделот за тешки кривични дела, побара од Основен суд во Урошевац, определување мерка притвор во траење од 30 дена против осомничениот Ф.И., за ранувањето на четири лица со нож, што во тој град во јужно Косово се случи минатиот понеделник, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обвинителството соопшти дека тој е осомничен за кривично дело „тешко убиство во обид“.

Според соопштението на Обвинителството, Ф.И. на 11 ноември во 15 часот и 30 минути се обидел да им го одземе животот на две малолетнички, а кривичното дело било извршено намерно, бидејќи жртвите биле припаднички на малцинската заедница Роми, Ашкалии, Египќани (РАЕ) во Косово. Девојчињата, за кои медиумите јавија дека се на 10-годишна возраст, се движеле по улица, каде што напаѓачот им пришол одзади и ги ранил со нож од грб.

СВЕТ

„Добредојде назад“ – Бајден му честиташе на Трамп на заедничката средба во Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп се сретнаа во Белата куќа. Бајден го покани Трамп да се сретне со него како дел од долгогодишната традиција што означува трансфер на власта.

– Па, г-дине избран претседател, поранешен претседател, Доналд, рече Бајден додека Трамп седеше до него пред каминот во Овалната канцеларија. „Честитки“, додаде тојќ

„Добредојде назад“ му посака Бајден на Трамп, по што двајцата се ракуваа.

„Политиката е тешка и често не е многу пријатен свет, но денеска е убав свет и многу го ценам тоа“, одговори Трамп.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Денеска судот речиси за никаква наводно клевета го принуди новинарот Џабир Дерала да му се извини на директорот за програма на ТВ Канал 5, Иван Мирчевски за наводна навреда во новинарски текст па ако е тоа правда нека е, човекот му се извинил извинетиот пресреќен, силна некоја сатисфакција од колега за колега ама прашањето на кое авторот на оваа една реченица не бара одговор зашто за кај нас нормално, нема да го добие ама гаи надеж барем дека поради прашањето нема да стаса на суд како колегата Дерала, отприлика гласи кога тоа не на Џабир, Бранко, Ема, Ерол, Данкс, Љубо и редица други, програмскиот на Канал пет тв и другите првенци уредници од македонските национални телевизии ќе им се извинат на граѓаните гласачи наместо да бидат брана за лагите како што и му доликува на новинарството…“, пишува Зоран Иванов во коментарот „Но еве, времево е баш погодно за покајување и извинување па нека се окуражат ако троа доблест имаат“.

Д. Муратов

фото: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ