Американскиот претседател Џо Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп се сретнаа во Белата куќа. Бајден го покани Трамп да се сретне со него како дел од долгогодишната традиција што означува трансфер на власта.
– Па, г-дине избран претседател, поранешен претседател, Доналд, рече Бајден додека Трамп седеше до него пред каминот во Овалната канцеларија. „Честитки“, додаде тој,
„Добредојде назад“ му посака Бајден на Трамп, по што двајцата се ракуваа.
„Политиката е тешка и често не е многу пријатен свет, но денеска е убав свет и многу го ценам тоа“, одговори Трамп.
Нивната средба потоа продолжи зад затворени врати.
Како што пренесува Би-би-си, ова е прв пат двајцата да се сретнат по нивната претседателска дебата на крајот на јуни, пред Бајден да одлучи да ја прекине кампањата за реизбор.
Во 2020 година, Трамп одби да го покани Џо Бајден затоа што лажно тврдеше дека не ги изгубил изборите.
Доналд Трамп ја напушти Белата куќа по средбата со Џо Бајден за да разговара за претседателската транзиција.
На почетокот на традиционалниот состанок на Овалната соба, и двајцата изјавија дека се надеваат на „мазна“ транзиција по „тешката“ политичка кампања.
Подготви: Д. Мишев