ЗОРАН ИВАНОВ
Денеска судот речиси за никаква наводно клевета го принуди новинарот Џабир Дерала да му се извини на директорот за програма на Тв Канал 5, Иван Мирчевски за наводна навреда во новинарски текст па ако е тоа правда нека е, човекот му се извинил извинетиот веројатно пресреќен, силна некоја сатисфакција од колега за колега ама прашањето на кое авторот на оваа една реченица не бара одговор зашто за кај нас, нормално, нема да го добие ама гаи надеж барем дека поради прашањето нема да стаса на суд како колегата Дерала, отприлика гласи Кога тоа не на Џабир, Бранко, Ема, Ерол, Данкс, Љубо и на редица други новинари посветени за ЕУ, за правда, правичност и демократија, програмскиот на Канал пет Тв и, секако, и другите првенци уредници, посебно од македонските национални телевизии, ќе им се извинат на граѓаните гласачи за тоа што, наместо да бидат брана за лагите политикантски предизборни, онака како што впрочем тоа и му доликува на новинарството, дозволија и уште дозволуваат, онака комотно преку своите медиуми да ги пренесуваа предизборните лаги и нереалните ветувања без притоа да посочуваат на нелогичностите во ветувањата како оние за Северна и за Јужна и за Преспанскиот и за бугарскиот и за платите и за минималецот и за тутунот и за …, и, наместо тоа, тие беа предизборниот понтонски мост преку кој кај гласачите ги подгреваа и ги афирмираа лажните и умислените патриотизми и некритички и неаналитички ги пренесуваа флуидните неостварливи ветувања, но еве, времево е погодно за корегирања но и за покајувања и за вон судски извинување па, па нека се окуражат ако троа доблест имаат.