• Latest
Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

МТВ: Мицковски и неговите интереси го полнат дневникот

November 23, 2024
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

МТВ: Мицковски и неговите интереси го полнат дневникот

November 23, 2024 15:29
in МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Го гледав главниот дневник на МТВ во 19.30 часот, навистина со интерес за една работа – како на јавниот сервис ќе се третира приемот на Радмила Шекеринска, по повод нејзината нова функција.

Најпрвин, темата не беше најавена. Добро, одиме понатаму.

Саемот на вино во Белград го следат дури две новинарки. Содржината на прилогот беше иста како и во 17 часот. Прилогот траеше половина дневник, а во него немаше ниту еден кадар од средбата Вучиќ – Мицковски, ниту Вучевиќ – Мицковски, а беа најавени со свечен тон. Само неколку реченици што не откриваат ништо што би оправдало одење на толкава екипа на саем кој не може да го има значењето што му го придаде информативната редакција. Барем да имаше разговор со некој навистина голем извозник од Македонија. Политичкото значење веќе споменавме – без илустрација, како да се работи за некаква сикретна средба во уште посикретни простории. Вел над тајната!

Ајде, дојде на ред приемот на Шекеринска, после 19:45 часот. Хм, имаше таму само изјава на присутната претседателка на државата од две реченици во кои таа ја издвои својата „улога во лобирањето“. Рече дека во вакви ситуации не е битен индивидуалниот квалитет, туку моќта на лобирањето. Потоа говореше претседателот на Собранието со неколку реченици и во ист стил. Можеме да замислиме како во НАТО легнале на нивното инсистирање да имаме генерален секретар на таа организација.

И побитно – немаше слика на Шекеринска! Кој го правел приемот, кои луѓе учествувале таму, всушност, имало ли луѓе? Двете осамени изјави, споменати, беа снимени некаде во антратето. Можеби требало и надвор на паркингот, ама задоцниле снимателите.

Инаку, да не заборавам, приоритет во Дневникот, барем во редоследот, секако по уредувачки избор (Фиданка Стоевска), го имаше протестот што градоначалникот на Шуто Оризари Дудуш го направи пред Градското собрание, што другите медиуми го прогласија за екстремно неуспешен со одзивот. Битно, во таа вест „студиозно“ визуелно е прикажана на тој начин што нема шанса да проѕрете колку луѓе излегле во Градски парк. Снимателот се измачил давајќи ги се истите пет-шест луѓе од жабја перспектива.

Битно е да се остварува дневната агенда на Мицковски.

Најнапред една вест ПРОТИВ некој политички непријател на шефот на ВМРО ДПМНЕ, потоа една дооолга вест во корист на самиот Мицковски, (без сериозен кадар за неговите контакти со присутните на Саемот, без содржина ама со многу издвоено време) и конечно веста за Шекеринска завиткана така да не му наштети на рејтингот на Мизковски: даден е приемот, но на начин на кој ќе се одбегне смислата, а ќе се задоволат личните потреби на двајца функционери од првата вмровска линија.

Жално, за што служи националниот радио-дифузер…


Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ