• Latest

Три писма за Бањска до канцеларијата на ЕУ во Косово, екстрадицијата на Радоичиќ сè уште е далеку

December 16, 2024

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Три писма за Бањска до канцеларијата на ЕУ во Косово, екстрадицијата на Радоичиќ сè уште е далеку

December 16, 2024 10:47
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовските власти до сега испратиле три писма до Канцеларијата на ЕУ во Косово писма во врска со терористичкиот напад на 24 септември во Бањска во Звечан. Косово побара предавање на главниот српски терорист Милан Радоичиќ, додека Србија ја бара целосната документација за овој случај.

Првото писмо е испратено на почетокот на јули до канцеларијата на Европската унија во Косово а од Србија ја барале комплетната документација за случајот од 24 септември во Бањска во Звечан, бидејќи  Високото јавно обвинителство во Белград најави покренување обвинение против главниот терорист Милан Радоичиќ.

„На почетокот на јули Канцеларијата на ЕУ во Косово доби писмо од Министерството за правда на Србија, кое испрати барање за взаемна правна помош до Вишото јавно обвинителство на Белград во врска со случајот Бањска. Врз основа на неговиот мандат, ПСЕУ во Косово го проследи ова барање до косовските власти, а потоа соодветната кореспонденција од косовските власти ја проследи до српските власти“, велат од канцеларијата на ЕУ во Косово.

Малку подоцна на адресата на оваа канцеларија пристигнало и второто барање.

Заемна правна помош со властите на Босна и Херцеговина побараа и властите на Косово, поврзано со оружјето употребено во терористичкиот напад во Бањска.

Според  косовските власти , косовската полиција била нападната со оружје што било обезбедено од градот Тузла во Босна и Херцеговина.

„Претставниците на ЕУ во Косово добија и барање за взаемна правна помош од властите на Косово до властите на Босна и Херцеговина во врска со случајот Бањска. Барањето е испратено до Сараево и веќе е добиен одговор. Одговорот навреме е пренесен до надлежните органи на Косово“, велат од канцеларијата на ЕУ во Косово.

На Босна и беше кажано дека Федералната полициска управа ја проверува оваа информација.

Во октомври Косово побара предавање на организаторот на нападот во Бањска, Милан Радоичиќ.

„Понатаму, претставниците на Канцеларијата на ЕУ во Косово во октомври минатата година испратија барање за взаемна правна помош од косовските власти до српските власти за истото прашање. Од српските власти се уште нема одговор. Очекуваме Србија целосно да соработува со овие барања преку воспоставениот канал за взаемна правна помош. Целта на овој механизам е да се обезбеди судска соработка меѓу Косово и земјите кои не го признаваат, вклучително и Србија, и да се олесни пристапот до правдата за сите, без оглед на нивното државјанство или живеалиште“, изјавија од канцеларијата на ЕУ за Tevë1 на Косово.

Инаку, неодамна за медиумите, министерката за правда, Албулена Хаџиу најави дека ова барање на српската држава и официјално ќе биде одбиено.

Милан Радоичиќ, поранешен потпретседател на Српската листа,  ја презеде одговорноста за смртоносниот напад врз косовската полиција во Бањска, во септември 2023 година.

Д. Т. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ