• Latest

24 ЧАСА: Албанија ги отвори преговорите со ЕУ по кластерот „Надворешни односи“; убиен рускиот генерал Игор Кирилов; ако Украина падне, Русија ќе нападне други земји

December 17, 2024

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Албанија ги отвори преговорите со ЕУ по кластерот „Надворешни односи“; убиен рускиот генерал Игор Кирилов; ако Украина падне, Русија ќе нападне други земји

December 17, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Албанија ги отвори преговорите по кластерот „Надворешни односи“

Европската Унија и Албанија денеска во Брисел ја одржаа третата Меѓувладина пристапна конференција на која официјално беа отворени преговорите по Кластерот 6 – „Надворешни односи“.

Во рамките на овој Кластер се поглавјата 30 – „Надворешни односи“ и 31 – „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика“. Ова е втор кластер од преговарачкиот процес што го отвора Албанија по кластерот 1 – „Основни вредности“, по кој преговорите започнаа на 15 октомври годинава.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Обединетото Кралство нема да жали за рускиот генерал Кирилов

Обединетото Кралство нема да жали за Игор Кирилов, рускиот генерал кој загина во експлозија во Москва во вторникот, соопшти Даунинг стрит.

„Јасно е дека нема да жалиме за смртта на лице што промовираше незаконска инвазија и наметна страдање и смрт врз украинскиот народ,“ изјави официјалниот портпарол на британскиот премиер Кир Стармер во вторникот.

РЕГИОН

ЕУ со писмо до Србија за кластерот 3

Советот за општи работи на Европската унија  го одобри писмото со кое ја поканува Србија да ја достави својата преговарачка позиција за отворање на кластерот 3 во пристапните преговори, објави во вторникот унгарското претседателство.

Одлуката е донесена на состанокот на министрите одговорни за европски прашања. Писмото упатено до Србија се однесува на поглавје 16 (оданочување) и поглавје 19 (социјални политики и вработување), во рамките на кластерот 3: Конкурентност и инклузивен раст.

СВЕТ

Убиен рускиот генерал Игор Кирилов, началник на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана

Високо рангиран генерал на руската армија и неговиот асистент загинаа во експлозија во Москва, објави Би-Би-Си утрово, пренесе ЦивилМедиа.

Генерал-полковник Игор Кирилов, началник на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБХ), ја напуштал станбената зграда рано во вторникот кога уред скриен во тротинет експлодирал, соопштија руските власти.

ИНТЕРВЈУ

Проф. Витис Јурконис: Литванците знаат дека борбата на Украина е за сите нас – ако Украина падне, Русија ќе нападне други земји

Проф. Витис Јурконис: Литванците знаат дека борбата на Украина е за сите нас – ако Украина падне, Русија ќе нападне други земји

СЛОБОДНА ЗОНА

„Лидерите на актуелниве од власта денеска нè просветлија со ниви бисери, едниот, премиерот, ќе одел во Брисел и, како што ни порача, ќе одел пак да ни го брани идентитетот, да ни ја враќал гордоста или, парафразирано така некако, другиот пак, оној до него, шефот на новите патриоти, оние од ЗНАМ де, објавија некаков текст, нешто како нон пејпер, исто така нешто за гордост и за патриотизам, некаква демек платформа за македонско национално единство…“, По допрен глас „ Доста со мачкање очи со гордости и идентитети туку ајде конечно стокмете една ЕУ реформа, барем една“, од Зоран Иванов.

„Во суштина, образовниот систем што се применува во основните училишта директно придонесува за назадувањето на децата. Главната причина за оваа катастрофа што нѐ снајде е тоа што наставниците не се педагози и се нашле во оваа професија сосема случајно.“, БЛИЦ „ Образованието кај нас е мртво!“, од Назми Абдурахмани.

„Она што се случува во соседна Србија е еден доказ дека промената во појавноста донесува и нови формати кај етичноста. Младите на Балканот немаат веќе каде, некои велат можат „само да пукнат“ и тешко можат да го поднесат лицемерството на тешката корупција на властите.“, пишува Љубомир Костовски во колумната „ Естетика на протестите: Да се изградат нови етички критериуми во општеството“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ