• Latest
Натанаел Лимински

Натанаел Лимински: Никогаш до сега не било толку итно како денеска да поработиме на демократијата и човековите права

December 20, 2024

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

Натанаел Лимински: Никогаш до сега не било толку итно како денеска да поработиме на демократијата и човековите права

December 20, 2024 11:48
in ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Натанаел Лимински

Натанаел Лимински

Share on FacebookShare on Twitter

Натанаел Лимински, министер за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија и шеф на државната канцеларија, на меѓународна Конференција на ЦИВИЛ-Центар за Слобода во соработка со Медиа ДИАЛОГ/ Y4M  „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“.

„Мојот срдечен поздрав денес го упатувам кон нашата земја партнер Северна Македонија. Минатата година го имав тоа задоволство да го посетам Скопје и да разговарам со многу луѓе. Денес, за жал, не сум во можност да бидам лично присутен. Темите  кои сакате  да ги разгледате соочите, ме засегаат не само мене, туку и многу луѓе во Северна Рајна –Вестфалија како и цела Германија.“, ги поздрави учесниците на Конференцијата Натанаел Лимински од Северна Рајна Вестфалија.

Под овој долг и важен наслов, денес ќе разговарате за многу клучни прашања од денешницата. Овие теми се приоритетни како во Северна Македонија, така и во Северна Рајна-Вестфалија, особено на оние места во светот каде што во моментов се војува.

Места каде демократските вредности и човековите права не се почитуваат и каде што цивили , жени, дури и деца поради тоа плаќаат со нивната слобода и живот. Во Северна Рајна-Вестфалија ја започнавме иницијативата: ,,Недела на човекови права.’’, која се одржува низ целата земја неколку дена околу 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права. Манифестации од различни организатори во мојата земја се посветени исклучиво на темата човекови права, посочува Лимински.

На овој настан, лица кои страдале, жртви, активисти, научници, како и политичарите и новинари го искажуваат своето мислење. На денешната конференција во Скопје, со помош на извонредните организатори, вие во Северна Македонија давате особен придонес кон Неделата на човекови права и пошироко. Јас лично сум многу среќен поради тоа.

Партнерството помеѓу Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија постои веќе добри три години. Целта е да се воспостават и зајакнат блиските односи помеѓу владите, но особено помеѓу луѓето во нашите земји .

Со таа цел, во последните три години започнавме заеднички проекти во многу области, како на пример во економијата и дополнителната едукација, преку организирање на пракса за апсолвенти. Реализиравме проекти за зајакнување на квалификувано и отпорно новинарство и ја започнавме нашата соработка помеѓу двете наши министерства за внатрешни работи.

Освен тоа, активно го поддржуваме воспоставувањето на врските помеѓу македонските и германските општини за изградба на локални врски. Во рамките на ова партнерство и Неделата за човекови права, ние како дел од владата на Северна Рајна-Вестфалија со задоволство ја поддржуваме оваа денешна конференција.

Со оглед на состојбата во светот и со осврт на нашето опкружување, се подразбира дека оваа конференција се одржува токму на време. Никогаш до сега не било толку итно како денес да поработиме на темите демократија, медиуми и човекови права.

Би сакал да ви се заблагодарам што успеавте денес да организирате присуство на голем број експерти во Скопје и виртуелно присуство. Ќе ги следам резултатите и заклучоците што ќе ги донесете. Ви посакувам на сите успешна размена на информации и многу успех во следните неколку часа, особено во спроведувањето на стекнатите сознанија.

Срдечен поздрав од Дизелдорф.

Tags: „Одбрана на демократијата и човековите права“Натанаел ЛиминскиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ