• Latest

Рубриката По допрен глас ја депонирам во архивите на Цивил Медиа и тоа онака топтан со се серијалот Една Реченица на кој му ставам – точка

December 31, 2024
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ПО ДОПРЕН ГЛАС

Рубриката По допрен глас ја депонирам во архивите на Цивил Медиа и тоа онака топтан со се серијалот Една Реченица на кој му ставам – точка

December 31, 2024 11:28
in ПО ДОПРЕН ГЛАС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ИВАНОВ

Секое нешто си има свој почеток но не и крај каква што судбина и стокмив на оваа Една Реченица по нејзиното двеипол годишно талкање во рубриката По допрен глас на престижниот ЦивилМедиа, медиумската платформа на Цивил, Една Реченица со која ги нервирав лекторите, го малтретирав уредникот Дехран кому често речениците за објавување му ги праќав пред полноќ па и по полноќ, со овој мој измислен новинарски формат во кој посебна инспирација беше предизвикот секоја од Речениците да завршат, да поентираат со нивниот наслов, го тревожев Главниот уредник Џабир кој поради неговиот широк демократски капацитет без поговор го толерираше овој мој новинарски хир, овој журналистички експеримент што безрезервно го подржуваше и кој, кога Реченицата ќе ми забегаше со нејзиниот обем, кога како оваа ќе станеше робусна до непретпознатливост за една реченица и кога во нему својствен манир на суптилна критика со право ќе ја наречеше Реченицаипол која пак, каква таква, еве некако се дотркала до бројката 134 еднореченични коментари со кои, како и со овој 135-иов, се обидував сосема ненаметливо да упатам дека во ова пребрзо дигитално време, аргумент, факт, став, може да се пренесе и во малку редови, во само една реченица и притоа да се каже сè, а тоа дали овој авторски опит успеа или не, одговорите ќе ги даваат читателите на ЦивилМедиа и на Амбиент 7 каде што, како што запнал издавачот, Речениците ќе ги сместел и меѓу кориците на последниот том од овој печатен серијал но, како и за се, конечниот суд, нели, го дава времето пред нас па, по оваа конкретнава последна Реченицаипол како што би ја именувал Џабир, да здивнеме сите, вклучително и нејзиниот автор и, исто како што на овој датум денот ѝ става точка на годината, така и јас, кажано во оваа Последна Реченица, рубриката По допрен глас ја депонирам во архивите на ЦивилМедиа и тоа онака топтан со се серијалот Една реченица на кој му ставам – точка.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ