Се појавија нови детали за смртоносниот терористички напад во Њу Орлеанс, во кој загинаа 15 лица. Извори за ABC News велат дека околу 1 часот по полноќ на Нова година, осомничениот Шамсуд-Дин Џабар направил повеќе видеа во изнајмениот пик-ап пред смртоносниот терористички напад во Њу Орлеанс.
Надлежните ги прегледуваат видеата со надеж дека ќе им го покажат тајмлајнот на радикализацијата на осомничениот.
Најмалку 15 лица загинаа, а десетици беа повредени кога возач удри со пикап-камион во толпа луѓе на улицата Бурбон во Њу Орлеанс рано на новогодишниот ден, објави Си-Ен-Ен, Си-Би-Ес и други медиуми, пренесе ЦивилМедиа. ФБИ ја истражува нападот како „терористички акт“ и соопшти дека не верува дека возачот бил „единствениот одговорен“.
ФБИ го идентификуваше напаѓачот во Њу Орлеанс. Се работи за Шамсуд Дин Џабар (42), државјанин на САД, роден во Бомонт, Тексас. Тој бил воен ветеран, во составот на американската армија во Авганистан, 2009-2010. Ја напуштил активната воена служба во 2015. Оттогаш, само повремено служел како воен резервист, а се ориентирал кон информатиката. Дипломирал на Универзитетот во Џорџија.
Осомничениот, кој беше убиен во престрелка со полицајци, имал знаме на ИСИС во возилото за време на нападот.
Д. Мишев