• Latest

Бајден најави проширување на санкциите за лица кои придонесуваат кон дестабилизација на Западен Балкан

January 9, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Бајден најави проширување на санкциите за лица кои придонесуваат кон дестабилизација на Западен Балкан

January 9, 2025 09:44
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПРАВДА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги прошири санкциите насочени кон категории на поединци кои подлежат на американски санкции поради оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на држави од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции и ангажирање во значителна корупција што го поткопува владеењето на правото и довербата во демократските институциите и избегнувањето на санкциите на американската влада.

Со таа извршна наредба, Бајден презеде дополнителни чекори, изменувајќи и дополнувајќи три наредби поврзани со Западен Балкан од 2021 година, кои се однесуваат на блокирање на имотот и суспендирање на влезот во САД на лица кои придонесуваат за дестабилизација на Западен Балкан.

Регулативата од 2021 година предвидува дека санкциите – блокирање на имотот и суспензија на влез во САД – се применуваат на лица кои се директно или индиректно одговорни за дејствија и политики кои го загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на регион или држава на Западниот балкан, ги поткопува демократските процеси или институциите, кршењето на човековите права или корупцијата.

Исто така, беше наведено дека санкциите се однесуваат на лица кои директно или индиректно учествувале или се обиделе да учествуваат во кршење, попречување или закана за спроведувањето на регионалната безбедност, мировните договори или договорите за взаемно признавање на Западен Балкан.

Ова ги вклучува Договорот од Преспа (2018), Охридскиот рамковен договор (2001), Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, Дејтонскиот договор или заклучоците од Советот за имплементација на мирот одржан во Лондон (1995 година), вклучувајќи одлуки или заклучоци на високиот претставник, Советот за имплементација на мирот или неговиот Управен одбор, Меѓународен кривичен трибунал за поранешна Југославија или Меѓународен преостанат механизам за кривични трибунали.

Новата регулатива додава дека санкциите се применуваат на секој за кого Министерството за финансии на САД, во консултација со Стејт департментот, ќе утврди дека е лидер, службеник или член на ентитет, вклучително и владин ентитет, кој се вклучил или се обидел да се вклучи во која било од активностите дефинирани во претходната регулатива или чии средства и интереси во средства се блокирани согласно тој пропис.

Мерките се однесуваат и на лица кои материјално помагале, спонзорирале или пружиле финансиска, материјална или технолошка поддршка, или стоки или услуги за поддршка, на секое лице чиј имот и интереси во имот се блокирани во согласност со таа регулатива.

Тие, исто така, се однесуваат на оние за кои се утврди дека поседуваат или контролираат, директно или индиректно, секое лице чии средства и интереси во имот се блокирани во согласност со регулативата.

Бајден во декретот наведе дека се преземаат дополнителни чекори „во светло на настаните на Западен Балкан, вклучително и континуираните обиди на поединци да го оспорат суверенитетот и територијалниот интегритет на државите од Западен Балкан, да ги поткопаат повоените договори и институции и да се ангажираат во значителна корупција што го поткопува владеењето на правото“ и доверба во демократското владеење и избегнување санкции од американската влада, јави РСЕ, пренесе МИА.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ