• Latest

„Метаморфозис“: Транспарентното и отчетно владеење ќе ја приближи Македонија до ЕУ

February 22, 2017

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Метаморфозис“: Транспарентното и отчетно владеење ќе ја приближи Македонија до ЕУ

February 22, 2017 13:40
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Отчетност, транспарентност, отвореност на институциите, соработката со граѓаните, имплементирањето на алатки од комуникациската технологија за подобра комуникација со граѓаните при носење закони и при имплементирање на политики и борба со корупцијата…, се ургентни принципи за младите во регионот. Ова е заклучокот на денешната финална конференција на тема „Патот кон добро владеење”, во рамки на проектот „АКТИОН Вишеград СЕЕ – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа“, што го имплементира Фондацијата „Метаморфозис“, во соработка со седум партнери од регионот.  

Како гости говорници на денешната конференција присуствуваа амбасадорката на Германија во Македонија, д-р Кристине Д. Алтхаузер, амбасадорот на Полска, Јацек Мултановски, како и претставници на партнерите во проектот од државите од Вишеградската група – Чешка, Словачка, Унгарија и Полска, и претставници на партнерските граѓански организации од земјите од Балканот: Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

Целта на АКТИОН проектот е промоција на динамично граѓанско општество кое ефикасно ги мобилизира граѓаните, а со цел – нивно активно ангажирање за прашања поврзани со доброто владеење во контекст на пристап кон ЕУ, а кое влијае врз политиките и процесот на донесување на одлуки, како на национално, така и на регионално ниво во Западниот Балкан.

Горан Ризаов, проект менаџер, „Метаморфозис“

„Заклучокот е дека доброто владеење, всушност, ако се имплементираат принципите на доброто владеење како што треба, неизбежно генерира подобрување на животниот стандард во земјите каде што се имплементираат. Еден од најдобрите начини за имплементирање на овие принципи е евроинтеграција на земјата. И, преку евроинтеграцијата, во самиот процес на приближување и станување членка на Европската унија, земјата неизбежно мора да ги имплементира принципите на доброто владеење, а со тоа да го подобри и квалитетот на животот“, вели за ЦИВИЛ Медиа, Горан Ризаов, проект менаџер во „Метаморфозис“

На конференијата ќе се одржат две панел-дискусии: „Добри практики од регионот на Вишеградската група и од Балканот“ и „Достапност на податоци и истражувања за доброто владеење“, а беше најавена и промоција на roadmap за имплементација на принципите на доброто владеење во земјите од Западен Балкан – „Патот кон добро владеење“.

Текст и фото: Дехран Муратов

Tags: АКТИОН Вишеград СЕЕГоран РизаовЕУЗападен БалканконференцијаметаморфозисПатот кон добро владеење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ