• Latest

ХЕРА: „Три пати мери, еднаш сечи, но никогаш не дискриминирај!“

February 22, 2017

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ХЕРА: „Три пати мери, еднаш сечи, но никогаш не дискриминирај!“

February 22, 2017 13:47
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со пораката „Ако е вообичаено, не значи дека е праведно. Три пати мери, еднаш сечи, но никогаш не дискриминирај!“, денеска започна кампањата за заштита од дискриминација врз сите основи, вклучувајќи ја и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Кампањата е во организација на ХЕРА и на коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници.

Први градови каде се промовира кампањата се Куманово, Штип и Струмица, а дополнително кампањата ќе биде претставена на трибини и во Битола и Тетово.

Како што информираат од ХЕРА, потребата од континуирано потсетување на јавноста за препознавање и пријавување на случаите на дискриминација, особено на локално ниво, се заснова на фактот што бројот на претставките е во постојано опаѓање.

Кампањата е дел од проектот за унапредување на механизмите за заштита од дискриминација на локално ниво во кој се вклучија Народниот правобранител на Република Македонија, Министерството за правда и Комисијата за заштита од дискриминација, како и општините Куманово, Штип и Струмица.

Главен резултат на проектот е основањето на координативни тела за заштита од дискриминација од Советите на општините Штип, Куманово и Струмица, кои ќе работат според Протокол за унапредување на соработката на локалните механизми за заштита од дискриминација.

„Што се однесува до заштитата од дискриминација на ЛГБТИ-заедницата, значајно е да се спомене дека во текот на оваа година, Министерството за труд и социјална политика спроведе консултативен процес за изменување на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Се надеваме дека во текот на 2017 година ќе се усвојат измени кои ќе вклучуваат сексуална ориентација и родов идентитет, како основи за дискриминација, што воедно ќе ги охрабри ЛГБТИ-луѓето да пријавуваат дискриминација. Комисијата за заштита од дискриминација во текот на 2016 година одлучуваше во неколку случаи на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Во повеќето случаи, Комисијата повторно не успеа да ја препознае дискриминацијата и соодветно да ги примени одредбите на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Исклучок од ваквата пракса и позитивен пример беше еден случај каде Комисијата за заштита од дискриминација утврди дискриминација врз основа на родов идентитет и определи надомест на штета“, стои во соопштението на ХЕРА.

Кампањата ќе се спроведува на национално ниво, но е фокусирана на локалните самоуправи со кои ХЕРА соработуваше изминатата година.  Кампањата ќе се емитува на пет локални и три национални телевизии, на македонски и на албански јазик.

М. Т.

Tags: дискриминацијакампањаЛГБТлокална самоуправамаргинализирани заеднициХЕРА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ