• Latest

Пријатели од Србија: Поддршка за вашите студентски, земјоделски, адвокатски… протести

January 19, 2025

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Пријатели од Србија: Поддршка за вашите студентски, земјоделски, адвокатски… протести

January 19, 2025 21:58
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Во лично, но и во име на огромното мнозинство Македонци и нацијата на Северна Македонија која се води од истите барање на секоја модерна европска нација: слобода, ред, просперитет – преку функционални институции.

Барања кое не се за или против една партија, туку за владеењето на правото.

Оттука, должен сум да ви објаснам од каде потекнува молкот на мнозинството медиуми, партиите и академската заедница во Скопје за вашите протести.

Првата причина е што дериватите на Вучиќ/Дачиќ во Владата и на Тадиќ/Ѓилас во парламентарната опозиција во Северна Македонија забележаа дека протестите не можат да бидат преземени во „договор“ меѓу традиционалните партии од власта и опозиција во Белград.

Свесни дека „играта“ на партиите што не минува во Белград нема изгледност ни во Скопје, принудени се на премолчување како одбранбен механизам.

И кај вас и кај нас југо-советските тајкунски елити бараат виновник за сопствените грешки некаде на страна:

За нефункционалните и партизирани институции и корупцијата кај вас се „виновни“ „Сорос, Курти и преку него Албанците, Американците, Хрватите, Бугарите…“

Кај нас „виновни“ се „Американците, Сорос, Бугарите, Грците, ДУИ и преку нив Албанците…“

Во обата случаи партиите бараат „национално единство“, но во основа се спротивставени на дефинирањето на нацијата.

Затоа вам ви нудат „српски свет“ од Бања Лука до Гевгелија, а нам ни нудат „никогаш Северна во српскиот свет“ од Гевгелија до Бања Лука.

Втората причина за премолчувањето на вашите протести во Северна Македонија е и стравот од прекинот на руското влијание преку НИС и Лукоил.

Затоа формирањето Влада во Софија за политичко Скопје и политички Белград е лоша вест.

Набрзо, кај нас ќе стане јасно дека нашата Влада и парламентарна опозиција напразно го одлагале уставното дополнување, бидејќи и со и без политичка влада, Скопје нема за што да преговара со Софија оти сѐ е договорено – со Брисел.

А ако го дополниме Уставот како што сме договорени – продолжуваме со преговорите во пакет со Албанија и Црна Гора – а не како:

– пакет на Вучиќ/Додик, и не како

– панславистички енклави – проксија на руското догматско православие вперено против Вселенската патријаршија и „западот“.

А како ќе ги исполнуваме критериумите низ владеење на правото, демократски и функционални институции – помагаме и Србија и Косово и БиХ да одат во ЕУ – каде што сакате и вие и ние.

Во такви околности – нема простор за авторитарните, недемократски и корумпирани политичари. Но има перспектива за модерните нации и народите во нив.

Затоа, молкот на политичарите во Северна Македонија игнорирајте го – а сметајте на разбирањето на нацијата на Северна Македонија.


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ