• Latest

24 ЧАСА: Трамп даде дозвола да се апсат мигранти во цркви и училишта; Милиони работни места зависат од поврзаните економии на САД и ЕУ; Во Србија продолжуваат протестите на просветните работници

January 22, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје. Фото: Цивил Медиа

Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

August 24, 2025

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Трамп даде дозвола да се апсат мигранти во цркви и училишта; Милиони работни места зависат од поврзаните економии на САД и ЕУ; Во Србија продолжуваат протестите на просветните работници

January 22, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Трамп им дозволи на федералните имиграциски власти да апсат луѓе во цркви и училишта

На федералните имиграциски власти им се дава дозвола да апсат луѓе и да спроведуваат дејствија за спроведување во и блиску на места како што се цркви и училишта, означувајќи отстапување од долгогодишната политика за избегнување на таканаречените чувствителни области.

Вршителот на должноста секретар за внатрешна безбедност Бенџамин Хафман објави крај на две директиви, давајќи им на агентите повеќе овластувања за тоа дали тие вршат спроведување и елиминирање на легалниот пат за мигрантите кои сакаат да дојдат во Соединетите држави

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Фон дер Лејен: Милиони работни места во светот зависат од меѓусебно поврзаните економии на ЕУ и САД

„Нашата прва цел во односите со новото раководство во САД ќе биде брзо да воспоставиме врска, да бидеме подготвени за преговори и да бидеме прагматични во преговорите… Милиони работни места во светот зависат од меѓусебно поврзаните економии на ЕУ и САД“, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во говорот пред европратениците во Стразбур.

РЕГИОН

Во Србија продолжуваат протестите на просветарите; Вучиќ не ги признава синдикатите што повикуваат на штрајк; Најавени нови протести на други синдикати

Во дел од училиштата во Србија и денеска продолжува прекинот со работа, во знак на поддршка за учениците и поради незадоволство од одлуката на репрезентативните синдикати да постигнат договор со Владата за зголемување на платите.

Од министерството за образование тврдат дека настава се одржува во 96 проценти од српските училишта, додека различни податоци доаѓаат од самите училишта, како и од одредени синдикати, покажуваат дека во повеќе од половина училишта немало настава, до поентата што во некои градови сите училишта ја прекинаа работата, пренесуваат српските медиуми, пренесе ЦИВИЛ Медиа.

СВЕТ

Јавни обвинители на 22 држави во САД поднесоа тужба против наредбата на Трамп за прекин државјанство со право на раѓање

Јавните обвинители на 22 американски држави во вторникот поднесоа тужба за да го блокираат потегот на претседателот Доналд Трамп да стави крај на имиграциската практика во САД позната како државјанство со право на раѓање, кое гарантира дека децата се раѓаат во американски државјани без оглед на статусот на нивните родители.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот: Во Приштина се отвора Музејот на децата на војната; Почина украинската новинарка Олга Приадко во Косово; Албанците од дијаспората за прв пат гласаат на изборите во Албанија

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија. минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември, односно, за само една година пораснале за 6.089 денари што значи зголемување од 10,63 проценти.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Како се излегува на крај со зголемена месечна синдикална кошничка од 63, 252 илјади денари?

Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Социјалните мрежи не стивнуваат со жестоки критики, но и подбив на сметка на Илон Маск кој на инаугурацијата на Доналд Трамп, во Арената Капитол 1, пред 20 и повеќе илјади поддржувачи на новиот американски претседател, направи гест кој светот го оценува како наци поздрав.“, пишува Џабир Дерача во сатирата  „Статус: Потврден“.

„Лидерот на десничарската ВМРО-ДПМНЕ и премиер на нашата земја, Христијан Мицкоски е воодушевен од говорот (на телото) на Елон Маск, при што од салата каде што ја следеше на ТВ инагурацијата на Трамп сподели кратко видео од Макс со коментар: Елон Маск, визии кои го обликуваат светот!“, во сатира од Дехран Муратов  „Мицкоски воодушевен од Маск: „Македонија на Марс наместо во ЕУ“!

АНАЛИЗИ

„Брзината на Трамп е намерна. Толку многу се случува, што ретко има време да се размислува за тежината на еден настан. Ситниците и новите политики што го менуваат светот се фатени во виорот. Трамп е во средината на сето тоа, водејќи ја какофонијата и зголемувајќи ја вревата секогаш кога сака повеќе внимание.“, прочитајте во анализата „Зошто двата дена на Трамп во Белата куќа веќе се чувствуваат како цел мандат“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ